Работни групи од власта и опозицијата во нов обид да ги надминат разликите околу статусот на СЈО

Втор обид на власта и опозицијата да ги доближат ставовите околу Законот за јавно обвинителство со кој треб

Во денешните разговори двете страни влегуваат со дијаметрално спротивни гледишта. По вчерашните услови кои ги постави опозицијата, од Министерството за правда со став дека за ВМРО-ДПМНЕ амнестијата на криминалот е поважна од европската иднина на земјата. Велат наместо амандмани добиле документ со „принципи и насоки на ВМРО-ДПМНЕ во донесувањето на законот“ .

- Со досегашниот несериозен однос во процесот на носење на законот за Јавното обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека амнестијата на сторители на сериозни кривични дела од редовите на нивната партија им е поважна цел од европската иднина на нашите граѓани.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера испорача три клучни барања.

„Согласно принципот на отчетност СЈО да ги доврши започнатите судски предмети кои се поднесени до 30 јуни 2017 и согласно со законот да престане да ја извршува функцијата сегашниот персонален состав на ова Обвинителство, како и да се формира посебна анкетна комисија од страна на Собранието која ќе ја оцени неговата работа, ќе изврши увид и ќе утврди како тоа ги трошело парите. Согласно принципот на ефикасност и ефективност во борбата против криминалот предлагаме ново одделение во рамки на Јавното обвинителство за организиран криминал како специјално јавно обвинителство и предлагаме проширување на опфатот на предметите кои порано беа покриени со различни афери“, истакна Тони Менкиновски, претставник на ВМРО ДПМНЕ.

Неформалниот рок за договор е крајот на месецов со цел законот да биде усвоен во Собранието пред паузата поради предизборната кампања. Власта и опозицијата засега се далеку од постигнување договор. Законот за јавно обвинителство е дел од реформската агенда на која инсистира Брисел во пресрет на одлуката за добивање датум за преговори со ЕУ во јуни.

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

Полицаец со уште двајца учествувал во киднапирање маж- го претепале и му барале 10.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, соопштуваат од Обвинителството.

Израелскиот амбасадор во Шведска го осуди палењето на Куранот во Малме (ВИДЕО)

Амбасадорот на Израел во Шведска, Жив Нево Кулман, го осуди денеска палењето на Куранот во Малме.

Две лица денеска го запалија Куранот во Малме, а едното од нив беше завиткан во израелско знаме, објави „Тајмс оф Израел“.

„Палењето на светата книга Куранот додека се вее израелското знаме е грозен чин на непочитување, не само за 20 отсто од израелските граѓани кои се муслимани, туку и против вредностите како што се толеранцијата и меѓусебното почитување. Го осудувам овој кукавичкиот чин на најсилен можен начин. Малме треба да го обедини музиката наредната недела поради Евровизија“, објави Кулман на платформата Х (Твитер).

Како што претходно објави финскиот јавен сервис Yle, две лица вчера прво прочитаа делови од Библијата, го влечеа Куранот на кучешки поводник, запалија страници од муслиманската света книга и го згазија палестинското знаме.

притисни ентер