На новата листа опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција, изјави Тараври.
„Јас се надевам дека ново проширување ќе има за три до четири месеци со нови лекови кои навистина треба да имаат пониски цени. Позитивната листа не е обновена од 2009 година“, потенцира Таравари.
Од Светската здравствена организација денеска на владина седница истакна дека иако има подобрување во снабдување со лекови сепак граѓаните во македонија плаќаат многу висока цена за лекови. Во 2018 година 80 отсто од плаќањата од џеб биле за амбулантски лекови, а овие плаќања сочинуваат 42 процента од вкупните здравствени трошоци што е далеку над просекот на ЕУ од 22 отсто, покажува еден од најновите извештаи на СЗО за Северна Македонија.
„Но, сепак, има работи што можеме да ги направиме, како градење капацитет за проценки на здравствената технологија и потреба од стратешка ревизија на политиките за цени и надоместоци. Тука, во секоја мала земја, често се јавува и значајниот јаз во експертизата. Некогаш не сме во предност зашто треба да седиме на маса и да преговараме со мултинационални фармацевтски компании кои имаат мошне голема експертиза во нивниот профил, особено кога станува збор за новите скапи лекови. Оваа симетрија често води до тоа малите земји да не можат да преговараат ефективно и да имаат ефективни договори“ , истакна Мускат од СЗО на работилницата за проширување на позитивната листа лекови.
Таравари најави дека до утре важи рокот за пријавување на фирмите за нова компресорска станица. Кон крајот на јули Таравари посочи дека доколку нема заинтерсирани фирми тогша може да има и директно договарање меѓу министерството и изведувач доколку не се појави фирма.