Путин го поддржува предлогот на САД за укинувањето на патенти за вакцини против корона

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е за укинување на патентите на вакцината против „ковид-19“, по предлог на САД, за да се забрза производството и дистрибуцијата низ целиот свет.

„Секако, Русија ќе го поддржи ваквиот пристап“, рече Путин на телевизискиот состанок за пандемија, барајќи од руската влада да работи на тоа.

„Во сегашните околности, како што реков многу пати, не треба да се размислува за тоа како да се заработи што повеќе, туку за тоа како да се гарантира безбедноста на луѓето“, рече тој.

Русија досега произведе четири вакцини, почнувајќи од главната, Спутник V, како и „лесната“ верзија што е одобрена денеска од здравствените власти со една наместо две дози.

Така Путин им се придружи на Соединетите држави, кои се залагаат за укинување на патентите.

Путин, сепак, воопшто не го спомнал предлогот на Вашингтон, дури рече дека идејата потекнува од Европа.

Мислам дека „заслужува внимание, со тоа мислам на едноставно укинување на заштитата на патентите за вакцината против ковид-19“, додаде тој.

Европската унија денеска соопшти дека е „подготвена да разговара“ за ова прашање, што ќе се најде на дневниот ред на утрешниот самит на 27 земји-членки во Порто, но изразиле сомнеж за успехот на таквата мерка за забрзување на вакцинацијата ширум светот. ЕУ досега се спротивставувала на таквата идеја.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска исто така рече дека е „безусловно за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост“, а Германија вели дека се „отворени за дебата“.

Костадиновска-Стојчевска: Велигден нѐ обединува околу вистинските вредности за подобра иднина

Велигден нѐ обединува околу вистинските вредности за подобра иднина и напредок.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита големиот христијански празник Велигден на сите сограѓани кои денес го празнуват Христовото воскресение.

-„Христос Воскресе! Честит и вековит нека ни е најголемиот христијански празник Велигден. На сите сограѓани кои денес го празнувате Христовото воскресение ви посакувам семејна хармонија, здравје, среќа, благодостојба и духовен мир. Велигден е празник кој ја симболизира победата на доброто над злото, но и празник на надежта кој постојано потсетува дека имаме сила и обвска да се бориме за вистинските вредности и дека сите носиме одговорност за подобра иднина и напредок, се наведува во честитката, соопшти Министерството за култура.

Овие денови, се додава, нека бидат денови на почеток на нашите заеднички победи, на светла иднина, на доброто, убавото и сѐ што е благородно и во користи и интерес на нашите деца и идните генерации.

-Со мудрост, трпение и одлучност да истраеме пред искушенијата и да продолжиме да гледаме напред, за мир, хармонија и просперитет, стои во честитката на министерката за култура Костадиновска-Стојчевска по повод празникот Велигден.

Пендаровски: Сè додека го зборуваме, создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои

Сè додека го зборуваме, создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни.

Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни, стои меѓу другото во пораката од претседателот на Стево Пендаровски по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик.

-Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе..., сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците, се наведува во порака.

Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина, се посочува, го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет.

-Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов, стои во пораката од претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик.

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје

Од Форумот сметаат дека сега е време да се „предводи, покаже храброст и да се обезбеди враќање на сите 132 (луѓе) кои ги држи Хамас, живи, поради рехабилитација и на убиените за да бидат погребани“.

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица денеска на Денот на сеќавањето на Холокаустот, апелираше до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху „да го игнорира целиот политички притисок“ и да се потсети на ветувањето „никогаш повеќе “ и да обезбеди договор за ослободување на Израелците земени како заложници во Газа.

Од Форумот сметаат дека сега е време да се „предводи, покаже храброст и да се обезбеди враќање на сите 132 (луѓе) кои ги држи Хамас, живи, поради рехабилитација и на убиените за да бидат погребани“.

Соопштението дојде на денот кога се очекува да продолжат разговорите во Каиро за потенцијалниот договор.

Се верува дека договорот за кој се разговара се состои во неколку фази. Во првата фаза би биле ослободени ограничен број таканаречени „хуманитарни“ заложници за неколкунеделно примирје.

Во следните фази, уште повеќе затвореници би биле ослободени во замена за Палестинците во израелските затвори, а постои можност и за воспоставување поцврсто примирје.

Хамас, сепак, инсистира дека нема да се согласи на договор кој не вклучува крај на војната.

притисни ентер