ПСЖ и Реал ремизираа без погодоци

Во дербито на третото коло од фудбалската Лига на шампиони синоќа во Париз францускиот шампион ПСЖ и шпанскиот претставник Реал Мадрид одиграа нерешено без постигнат гол.

Нерешено завршија и средбите во Торино и Москва, убедлива победа забележа Атлетико Мадрид, а значајни триумфи остварија Галатасарај, Малме, Манчестер Сити и Волфсбург.

Резултати и табели во групите А, Б, Ц и Д:

Група А: Малме – Шахтјор 1:0, ПСЖ – Реал Мадрид 0:0.
Табела: Реал Мадрид 7 бодови, ПСЖ 7, Малме 3, Шахтјор 0.

Група Б: ЦСКА Москва – Манчестер Јунајтед 1:1, Волфсбург – ПСВ Ајндховен 2:0.
Табела: Волфсбург 6 бодови, Манчестер Јунајтед 4, ЦСКА Москва 4, ПСВ Ајндховен 3.

Група Ц: Атлетико Мадрид – Астана 4:0, Галатасарај – Бенфика 2:1.
Табела: Атлетико 6 бодови, Бенфика 6, Галатасарај 4, Астана 1.

Група Д: Јувентус – Борусија Менхенгладбах 0:0, Манчестер Сити – Севиља 2:1.
Табела: Јувентус 7, Манчестер Сити 6, Севиља 4, Борусија Менхенгладбах 1./МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер