Првите антиковид-вакцини ќе стигнат наредните денови, почна пријавувањето за имунизација

Антиковид-вакцините на „Фајзер" кои ни ги отстапи Србија, а неколку недели чекаа на одобрение од производителот за да влезат во земјава, ќе пристигнат наредните денови и ќе бидат првите 8000 со кои и кај нас ќе почне имунизацијата.

Првично беше договорено примопредавањето на донацијата на вакцини од Србија да се изврши во текот на денешниот ден, од српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев, на граничниот премин Табановце, но беше одложено, како што информираа доцна синоќа од кабинетот на Вучиќ, заради неопходна дополнителна техничка документација.

Заев вчера изјави дека за пет дена се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската „Синофарм". Нив ги очекуваме на 15 или 16 февруари, земјава го регулира плаќањето за, како што рече премиерот, да може да се испланира пакувањето, обезбедувањето на превозот од Кина до Скопје. Од понеделник, односно во втората половина на месецов, треба да ги добиеме и првите дози од „Фајзер" од директно склучениот договор со овој производител.

– Отворени ни се механизмите на набавка на Фајзер, АстраЗенека и Модерна преку КОВАКС-системот. Преку ЕУ секој ден очекуваме ново решение. Комесарот Вархеји најави 70 милиони евра, зборува дури и за авансно плаќање, само час поскоро да стигнат вакцините за Западен Балкан, рече Заев.

За пријавување за вакцина против КОВИД-19, заинтересираните граѓани од вчера може да се регистрираат на веб-страницата https://vakcinacija.mk, за која имаше проблеми во функционирањето и се правеа завршни технички прилагодувања за целосна функционалност. Министерот Филипче синоќа на Фејсбук соопшти дека за само неколку часа на веб-страницата се регистрирале повеќе од 8000 граѓани.

На наведената веб-страница граѓаните треба да пополнат апликација за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19, со што директно ќе се регистрираат во националниот систем „Мој Термин".

– Сите апликации кои ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот кој за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата, информираше Министерството.

Може да се пријави секој граѓанин, а системот ќе генерира кои се приоритетни за вакцина. Вакцинацијата ќе почне со здравствените работници и со лица над 70 години.

Институтот за јавно здравје за периодот од 1 до 7 февруари бележи 4,8 отсто зголемување на бројот на тестирања во однос на претходната недела и 4,1 проценти повеќе позитивни случаи, односно за седум дена имало 2120 нови позитивни од 34 градови во земјава. Најзастапена е возрасната група над 60 години (26,8 отсто), а следна по бројот на заразени е возрасната група од 30 до 39 години (19,9 отсто).

Зголемување од 3,1 отсто во однос на минатата недела има и кај смртните случаи причинети од КОВИД-19 – од 1 до 7 февруари биле пријавени 66 смртни случаи од 21 град,

ИЈЗ вчера соопшти дека според анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти на вирусот кои претходно ги немало кај пациентите во нашата држава. Во текот на минатата недела до Институтот се пријавени 649 материјали секвенционирани за присуство на „британскиот" сој на SARS-CoV-2 од три лаборатории ( ИЈЗ, „Жан Митрев" и МАНУ), а Министерството за здравство соопшти дека од нив, 56 се позитивни за присуство на новиот сој. Од овие резултати е забележано дека „британскиот" сој е присутен во осум градови, а најмногу се откриени во Охрид (25), Прилеп (10) и Кавадарци (4).

Во земјава вкупно се хоспитализирани 591 пациент позитивни и сомнителни на коронавирусот – во главниот град се 257, а во ковид-центрите во болниците низ земјава лежат 334. На располагање се околу 490 празни болнички кревети за ковид-пациенти.

Нови 389 случаи на КОВИД-19 беа евидентирани вчера во дневната статистика, потврдени од 2445 направени тестирања во 24 часа. Починаа четири пациенти на возраст од 65 до 87 години. Регистрирани се 998 оздравени пациенти.

Од почетокот на епидемијата во земјава, пред речиси една година, направени се 476 725 тестирања. Бројот на дијагностицирани достигна 95 736, оздравени се 86 844, а починати 2959 луѓе. Активни случаи има 5933, од кои 2778 се во Скопје.

Санкционирани 67 возачи на мотоцикли

На територија на државаtа во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12 до 19 часот, изречени се вкупно 67 санкции за возачи на мотоцикли.

Од нив, како што соопшти денеска МВР, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 147 други видови на сообраќајни прекршоци.

Акција на крајбрежната служба на Грција за спасување мигранти во близина на Крит

Операцијата е во тек за пронаоѓање на евентуално исчезнати лица.

Вкупно 42 лица се спасени во акцијата на крајбрежната служба на Грција во морскиот дел на 27 наутички милји југозападно од островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Операцијата е во тек за пронаоѓање на евентуално исчезнати лица.

Според крајбрежната служба, 40 лица биле спасени од бродови што се наоѓале во близина, а останатите двајца со помош на хеликоптер на воената морнарица биле извлечени од морето и пренесени на Крит.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, објави дека мигрантите побарале помош од италијанскиот центар за пребарување и спасување, по што италијанските ги информирале грчките власти.

Неексплодирани убојни средства од Првата светска војна пронајдени во прилепскиот регион

- Сите неексплодирани убојни средства се од Првата светска војна. Истите безбедно се пренесени во магацинот на ДЗС во Битола и со нив ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи. 

Регионалниот центар за управување со кризи - Битола информира дека вчера, по дојава на граѓани, од атарот на село Канатларци во општина Прилеп, безбедно се подигнати и отстранети една артилериска граната 155мм една мина од монофрлач 75мм и една рачна бомба.

- Сите неексплодирани убојни средства се од Првата светска војна. Истите безбедно се пренесени во магацинот на ДЗС во Битола и со нив ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку да се јават на 112 во ЦУК, потенцираат надлежните.

Од ЦУК и денеска алармираат за внимателност при грмежи и молњи, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да се вози внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

- Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево, нагласуваат од ЦУК.

Изминатите 24 часа имало вкупно 1.677 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК.

- „Реални“ повици биле 56,59 отсто, а 43,41 проценти за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 64,43 проценти, кон Итната медицинска помош - 30,04 отсто, а кон пожарникарите - 1,58 проценти од реалните повици, додаваат од ЦУК.

притисни ентер