Прва жртва на коронавирусот во Јапонија

Жена почина од коронавирус во Јапонија, прва жртва во земјата од избувнувањето на епидемијата во Кина, објави денеска министерот за здравство.

Двајца таксисти, едниот во Токио, исто така се позитивни на тест за коронавирус и веројатно ги заразиле патниците.

Крузерот ,,Дијамантна принцеза” , кој е во карантин во Јокохама од 3 февруари, потврди 44 нови случаи, меѓу кои и еден член на екипажот.

Но, јапонските власти решија да дозволат истовар на постарите патници, кои биле негативни на тестовите. Тие ќе се симнат утре од крузерот наместо на 19 февруари и ќе бидат ставени во карантин на брегот.

Во Јапонија досега се потврдени вкупно 251 случаи на инфекција со коронавирус, вклучително и луѓе на тој брод.

Министерот за здравство Катсунобу Като изјави пред новинарите дека починала жена во своите 80-ти години од коронавирус во префектурата Канагава, која граничи со Токио.

Таа е прва жртва во Јапонија и трета надвор од Кина. Се разболела во јануари и дури подоцна развила симптоми на пневмонија. Коронавирусот и бил потврден откако починала. Како се заразила, се уште е под истрага.

Засега Јапонија не размислува за откажување или одложување на Олимписките игри, кои треба да започнат во Токио на 24 јуни.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер