Прва објава на родителите на масовниот убиец од Врачар

Мајката и таткото на ученикот Коста К. кој на 3 мај направи вистински масакр во своето основно училиште во Белград убивајќи девет ученици и чуварот првпат проговорија. -Сочувство до сите семејствоа, тоа е и наша загуба!

Се огласија прв пат во јавноста Владимир Кечмановиќ и Миљана Кечмановиќ, таткото и мајката на момчето Коста Кечмановиќ , кој е осомничен дека убил 9 ученици и чувар, а потоа повредил уште шестмина, меѓу кои и наставничката во ОУ „Владислав Рибникар“, за прв пат јавно, пишува Телеграф.

- На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која неми од болка и тага секојдневно плачеме, за секое невино дете што загина и за Драган, кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, што секако е и наша голема загуба. Засекогаш во тага, семејството Кецмановиќ.

Мештани од Слупчане не дозволиле да се реконструира електродистрибутивната мрежа на ЕВН

200 селани од слупчане го блокирале влезот во селото и ги спречиле екипите на евн да влезат и да работат на реконструкција и модернизирање на мрежата.

Од ЕВН велат дека за проблемот информирано е МВР.

„Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа“, информираат од компанијата. И додаваат дека годишните загуби на струја во селото изнесуваат над 1 милион евра. Годишно, 80% од потрошената електрична енергија се краде, а само 20% се наплаќа. Со исти вакви проблеми евн долги години се соочува и во Арачиново.

Видео: Како да се изгонат мувите од влезот и домот?

Со топлото време се буди и природата, што значи и зголемување на бројот на инсекти, како што се мувите, во и околу домот.

За да се ослободите од несаканите „натрапници“, Андреја Жан, која пренесува бројни совети за чистење и уредување на домот, овојпат споделува трик со монети, вода и ќесе за замрзнување.

- Значи, ставете ги паричките во ќесето и додајте вода за тие да пловат во неа. Ќесето се закачува на влезната врата или пред прозорецот, вели Жан.

Луѓето велат дека овој необичен трик, всушност е навистина делотворен.

- Очите на мувите се многу чувствителни на промените во светлината. Затоа, светлоста што се одбива од паричките ги збунува мувите и ги тера да се оддалечат од вашиот влез, појаснува Андреја.

Нејзиното видео собра над 200.000 прегледи на социјалните мрежи, а повеќе следачи кои го испробале овој трик велат дека се презадоволни.

Трошоците на животот во мај зголемени за 11,3 отсто на годишно ниво и за 0,4 отсто на месечно

Трошоците на животот во мај годинава се зголемени за 11,3 отсто во споредба со истиот месец лани, а цените на мало бележат зголемување од 7,5 отсто.

На месечно ниво трошоците на животот во мај годинава се повисоки за 0,4 отсто во однос на април 2023 година, додека цените на мало се намалени за 0,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во мај 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 13,3 отсто, свежото и разладеното овошје за 8,5, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2, рибата и морските плодови за 1,6, жестоките пијалаци за 0,8, сирењето и урдата за 0,5, месото за 0,4, кафето, чајот, какаото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, виното за 0,3, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот е забележан и кај другите услуги неспоменати на друго место за 10,6 отсто, накитот, часовниците и рачните часовници за 4,9, медицинските услуги за 3,4, парамедицинските услуги за 2,9, обувките за 2,8, услугите за сместување за 1,8, фармацевтските производи, туристичките аранжмани за 1,6, производите за домаќинството - нетрајни за 1,4, домашните миленици и сродните производи за 0,9, моторните возила за 0,8, малите електрични апарати за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, рестораните, кафулињата и слично за 0,7, облеката, мебелот и покуќнината, терапевтските помагала и опремата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 0,6, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,5, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,3, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот во мај 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 2,4 отсто, млекото за 1,6 и лебот и житата за 0,7 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 27,2 отсто, течните горива за домаќинствата за 7,3, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5,5, гасот за домаќинствата за 4,3, цврстите горива за домаќинствата за 3, медиумите за снимање за 1,8, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1,5, стоматолошките услуги за 1,3, информатичката опрема за обработка на податоците за 1,2, игрите, играчките и хобијата за 1,1, другите печатени материјали, другото образование за 1, градините, растенијата и цвеќињата за 0,6, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,5, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,3 отсто.

притисни ентер