Прва генерација дипломци на Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска беше промовирана првата генерација дипломци на петте различни факултети што функционираат во рамки на високообразовната институција.

Станува збор за 35 студенти кои се стекнаа со високо образование во областа на информатичките науки и технологии, дипломци од генерацијата 2009/2010 што успешно ги завршија тригодишните и четиригодишните студии, зависно одбраната наставна програма.

- Ова е единствен универзитет во регионот што наставата ја спроведува на англиски јазик, специјализиран за информатички науки и технологии. Фактот што наставата ја спроведуваат светски професори меѓу кои од престижни образовни центри како Харвард, укажува дека нашите дипломци добиваат квалитетни знаења, што е потврдено со тоа што добар дел од нив веќе се позиционирани во познати компании во областа, истакна ректорот на Универзитетот Нинослав Марина.

Тој изрази уверување дека сите од дипломците ќе најдат место на пазарот на труд со оглед што информатичките техногии се проткаени во сите пори на општественото живеење.

- Универзитетот за информатички науки и технологии бележи постојан раст во бројот на пријавени студенти. Секоја година формираме и нови наставни програми, а почнавме и со втор циклус на студии, на магистерски студии, за што веќе има интерес. Во фаза сме и на добивање на акредитации и за докторски студии. Најважно од се е што имаме голем скок на Шангајската листа каде веќе речиси се изедначивме со првите универзитети на национално ниво, додаде Марина.

Арбен Бахтијароски, дипломец-инжинер за мултимедија, 3Д анимации и веб-дизајн е задоволен од наставата што ја следел во текот на школувањето и од здобиените знаења на студиите.

- Образовниот процес го водеа странски професори. Наставата се одвиваше на врвно ниво, многу поразлична од она што сме навикнале да го гледаме во државата. Досега имам работено на проекти во областа за која се образував, така што очекувам наскоро да го најдам и своето место на пазарот на труд, изјави тој.

Неговата колешка од Ресен, Дајана Милевска, дипломиран универзитетски инженер по информатички науки и технологии смета дека се стекнала со доволно знаење за докажување. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер