Прв пораз на Македонија У 20 на ЕП во Унгарија

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години на отворањето на четвртфиналната фаза го претрпе првиот пораз на Европското првенство во Унгарија.

Нашите млади кошаркари на стартот на Групата Ф се поразени од домаќинот Унгарија со 54 -63 по четвртини 19-15 13-16 8-15 14-17.

Избраниците на селекторот Љупчо Маленков само во премиерните 10 минути од средбата имаа водство, во продолжението од мечот домашната унгарија го диктираше темпото и на крајот заслужено стигна до многу значаен триумф во четвртфиналната рунда , победа која многу ќе ги замрси работите во Групата Ф околу двајцата патници во полуфиналето на Европскиот шампионат во Секешфехервар.

Нашата одбрана денеска немаше решение за првиот стрелец на првенството бекот на Унгарија Золтан Перл, кој со 26 постигнати поени беше најефикасниот стрелец на средбата.

Во редовите на црвено жолтите најрасположни за постигнување на кошеви беа капитенот Андреј Магдевски кој реализираше 20 п, 5 скока и 6 асистенции, солидно одигра и центарскиот тандем Младеновски, Бакоч кои заедно комплетираа 25 поени и 21 скока.

Денеска потфрли нашиот најефикасен стрелец од дуелот против Швајцарија, крилото Адем Мекиќ со за него прескромни 5 поени.

Сепак и покрај поразот Македонија ги задржува шансите за пласман во полуфиналето, на утрешното дерби против Шведска потребна ни е победа, за потоа да ги очекуваме резултатот и од средбата Белорусија – Унгарија на кој ќе навиваме за селекцијата на Белорусија.

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат со татко му

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко доколку не им исплати 10.000 евра.... 

Полицаец учесник во киндапирање, заедно со уште две лица тешко повредиле 34 годишен скопјанец, а потоа му се заканиле дека ќе го убијат него, а и татко му. Филмските сцени се одиграле на 23 април по полноќ, тројцата го извикале 34-годишникот од неговиот дом со изговор да им помогне, при што насилно го внеле во автомобилот кој го управувал полицаецот. Се упатиле кон мосот „Беласица“ а попатно осомничениот А.Н. му нанел убоди со нож во рамото и ногата. Кога пристигнале, го изнеле под мостот и сите тројца го клоцале и го удирале со тупаници нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Агонијата не завршила тука, пред да го пуштат му одзеле 8.000 денари и му се заканиле, ако до први, кога и пријавил во полиција, не им даде 10.000 евра ќе го убијат него и татко му. Од тројцата осомничени две се во притвор, додека по едно се трага бидејќи е во бегство...

„Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.“

Од МВР за Канал 5 велат дека по однос на изјавите на пријавителот се утврдило дека еден од осомничените е полициски службеник, за кој додаваат дека се преземени си законски дејствија.

„Според првичната пријава тој не отишол на преглед и не го пријавил настанот во полициска станица затоа што лицата му се заканиле. По преземени мерки на полициските службеници е утврдено дека лицето кое го управувало возилото е всушност полициски службеник. За случајот со полицискиот службеник е известен одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди и по добивање на кривичната пријава ќе биде поднесен предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија на полицискиот службеник од работното место се до завршување на постапката.“

Јавен обвинител од ОЈО Скопје веќе донел наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела разбојништво и против право лишување од слобода според кривичниот законик...

Мицкоски ја известил меѓународната заедница и ОБСЕ за изборни нерегуларности од ДУИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека ја известил меѓународната заедница и претставници на ОБСЕ/ОДИХР за изборните нерегуларности на дел од гласачките места во првиот круг од претседателските избори.... 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека имало полнење на гласачките кутии во првиот изборен круг од претседателските избори и дека зад тоа стои ДУИ. Вели дека за ова ја известил меѓународната заедница и претставниците на ОБСЕ/ОДИХР но и дека слични нерегуларности очекува и на 8 мај.

„Доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период

Генерално, станува збор за избирачки мета во скопски Сарај, Липково, Арачиново итн. Треба граѓаните да знаат дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално под притисок и со мерки и средства недозовлени за демокрaтијата ги добива гласовите.“

СДСМ пак очекуваат подобар изборен резултат во среда. За вицепремиерот и секретар за меѓународна соработка на партијата Бојан Маричиќ, е рано да се прогнозира колку пратеници ќе имаат социјалдемократите во следниот парламентарен состав. Веднаш по изборите, на Бихаќка ќе се анализираат резултатите и нивните последици, но без разлика кој ќе ја освои власта, вели Маричиќ, партијата ќе остане на своите позиции и принципи.

„Во среда, на 8 мај, очекуваме прво секако подобар резултат од првиот круг. СДСМ е силна партија, која има и процедури и демократски потенцијал да ги отвори сите дискусии и да ги анализира сите причини за резултатите, но и последиците по државата и по партијата.

Сето она што ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ планираат да го загрозат. Ние сме автентична партија, не сме дериват на ниту една друга политичка партија, ниту сме создадени да помогнеме на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, како што е случајот со ЗНАМ и Максим Димитриевски.“

Вториот круг од претседателските и праламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, ден претходно, е изборен молк откако изборната кампања ќе заврши в понеделник на полноќ.

Сиљановска-Давкова на фестивалотХид Бах Шен Фест во с. Чалакли, Валандово

Проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на фестивалотХид Бах Шен Фест по повод прославата на празникот на турската заедница, Хидрелез во с. Чалакли, Валандово.

Во рамките на активностите во кампањата за вториот избор круг од претседателските избори, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на фестивалотХид Бах Шен Фест по повод прослава на празникот на турската заедница, Хидрелез во с. Чалакли, Валандово. Во прилог интегрален текст во кој професорката Гордана Сиљановска - Давкова ги сподели своите впечатоци:

На покана на турската заедница од Македонија, имав особена чест, заедно со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, н.е. г-динот Фатих Улусој, поранешниот претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничка листа во ИЕ4, г-динот Александар Николоски и граданочалникот на Општина Валандово, г-динот Перо Костадниов, да присуствувам на фестивалот Хид Бах Шен Фест (Bahar Şenlikleri HID BAH ŞEN FEST) кој се одржува во селото Чалакли Валандово, а по повод празникот Хидрелез. Хидрелез е празник кој го слави турското население, а го означува почетокот на пролетта. Во една подлабока смисла, празникот Хидрелез одразува силна симболика на будењето на природата, а со тоа и на новиот циклус на обновување, не само на природата, туку и на животот.

Со задоволство ги проследив богатите церемонии, убавите танци и особено предизвикувачкото пеливанско борење, сето одраз на една богата културна традиција која се негува тука, во Македонија, Она што за нас Македонците е познато како Ѓурѓовден, турската заедница го препознава како Хидрелез. Па оттука, културната идентификација е потполно иста што претставува своевидна апотеоза на природната хармонија помеѓу македонскиот и турскиот народ на овие простори. Во знак на ваквото единство, важно е да се спомене дека на заедничка иницијатива на Република Македонија и Република Турција, празникот Хидрелез во 2017 година беше прогласен за културно наследство на човештвото и истиот е запишан на листата на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО.

Ако зборуваме за европски и цивилизациски вредности, тогаш токму апотеозата на Хидрелез и Ѓурѓовден и нашето културно единство како Македонци и Турци, се вредностите кои Македонија може да ги понуди на Европа. Среќна сум што овој шаренолик мозаик, наречен Македонија е јадрото кое не обединува сите нас кон подобра и горда иднина!, се наведува во соопштението на тимот на Сиљановска- Давкова.

притисни ентер