Прв пат се повлекуваат примероци на луксузниот Lamborghini Countach (ФОТО)

Ретро моделот од Lamborghini има ексклузивно издание и уште поексклузивна цена, но сепак има мана.

Ова го утврдила американската NHTSA (Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопати), која наредила повлекување на сите модели од американските патишта. На јазикот на бројките, има вкупно девет примероци од моделот Countach LPI 800-4.

Една од посебните карактеристики на Countach е повеќеделниот стаклен капак што го покрива моторниот простор и овозможува отворен поглед на скапоцениот камен V12 мотор. И токму тој е контроверзен затоа што може да одлета. И тоа во никој случај не е добра вест за возачот позади.

Досега овој дефект е откриен на една копија и тоа кај сопственик во Катар. Минатиот месец се случила несреќа кога една од четирите табли се одвоила и одлетала во возење. Lamborghini веднаш покренале истрага, а ова отповикување е епилогот.

Lamborghini не може да исклучи дека дефектот нема да се повтори на други примероци, па затоа почнувајќи од 13 јануари ќе ги контактира сите сопственици за да закажат преглед на возилото во овластен сервис.

Да повториме, зад стаклените панели се наоѓа 6,5 V12 кој во синергија со 48V системот произведува 814 КС. Достигнува 100 km/h за 2,8 секунди, па јасно е дека лепилото може да се олабави. Биле направени вкупно 112 примероци од овој луксузен автомобил.

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење

Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија оваа недела е од историска важност и во голема мерка ќе придонесе за зајакнувањето на Унгарија.

Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија оваа недела е од историска важност и во голема мерка ќе придонесе за зајакнувањето на Унгарија, развојот на билатералните економски и трговски односи и се надеваме, за успех на мировните напори, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан, Сијарто рече дека Си Џинпинг, кој предводи голема делегација ќе посети само две земји-членки на ЕУ: Унгарија и Франција, пренесе МТИ.

Една од главните теми на разговорите меѓу претседателите на двете земји ќе биде натамошниот развој на билатералната економска соработка, рече Сијарто, наведувајќи дека Кина во Унгарија донела најмногу странски директни инвестиции во 2020 и 2023 година.

Италијанскиот министер ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.

Тој истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е во преговорите да се вклучи Путин.

Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се добие во време“ и да се создадат услови за постигнување примирје.

Кросето тврди дека, доколку руските војници го заземат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.

Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не го послушал неговиот совет.

Тен Хаг: Никој во Манчестер јунајтед освен Мурињо не ги доби играчите што ги сакаше

Тренерот Ерик тен Хаг одговори на споредбата што ја направи Жозе Мурињо за нивната работа во Манчестер јунајтед.

- Освен Мурињо, ниту еден тренер не ги доби играчите што ги сакаше, што ни требаа. Уверен сум дека ќе ги постигнеме нашите цели, но конкуренцијата е голема. Има седум или осум екипи во Премиер лигата кои имаат многу добри состави и во иднина ќе се борат за титулата. Значи, за да ја освоите титулата, треба да создадете навистина квалитетен тим, рече главниот тренер на Манчестер Јунајтед во интервју за „ESPN“.

Претходно Жозе Мурињо правејќи споредба со Тен Хаг за работата во Манчестер јунајтед, рече дека ја немал поддршката што ја ужива Тен Хаг.

-Немав такво ниво на поддршка. Немав такво ниво на доверба. Во тимот имаше од претходно неколку играчи што не ги сакав пред, истакна Мурињо.

Португалскиот стручњак беше тренер на клубот од мај 2016 до декември 2018 година.

притисни ентер