Следува тежок период во кој ќе ве убедуваат дека еден бил изборот кој морал да се направи, за да сме напредувале, но изборот е помеѓу кариерата на Заев или иднаната на Македонија , рече првиот човек на ВМРО – ДПМНЕ во своето обраќање на протестниот марш кој се одржа во Каварарци.
Далеку сме од ЕУ и НАТО, бидејќи таму се влегува чесно и принципиелно, потенцираше Мицкоски, осврнувајќи се на вчерашните прослави по повод повод поканата на почетокот на преговорите со НАТО. Мицкоски рече дека во Алијанската и ЕУ не се влегува со лажење на пејачи за да свират на политички настани, местење на тендери и други злоупотреби.
Мицкоски и на дешениот протестен марш повторно побара амнестија за обвинетите за нападот во Собранието на 27 април минатата година .
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, од говорницата во Кавадарци му порача на премиерот, Заев, дека по смена на власта ќе има ревизија на случаите Глобал и Поткуп, во кои беше обвинет Заев.