Промовирана лабораторија за форензичка токсикологија

На Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија денеска беше промовирана Лабораторија за форензичка токсикологија. На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски и министрите за образование и наука и за здравство Панче Кралев и Никола Тодоров.




Основна дејноста на лабораторијата, како што информира министерот Кралев, е утврдување на евентуално присуство на супстанции штетни по човечкото здравје во биолошки и други сомнителни примероци, како и утврдување на нивната природа, а кога е возможно одредување и на количината на присутната штетна супстанца што е многу значајно за донесување правилен заклучок за природата на настанатото труење.

Вредноста на лабораторијата е 40 милиони денари и е дел од проектот на Владата за опремување лаборатории во високо образовните институции.

- Со ова се покажува дека проектот на Владата за опремување на лабораториите за научно истражувачка дејност, но и применета апликативна дејност продолжува и во иднина и зацртаната бројка од околу 180 лаборатории кои се планирани и побарани од високо образовните институции прв пат ќе бидат овозможено, изјави Кралев по промоцијата.

Тој изрази уверување дека со инсталирање на лабораториите ќе се зголеми научно истражувачката работа, но и оти ќе најдат апликaтивна дејност.

Министерството за образование досега има потпишано 80-тина договори за инсталирање вакви лаборатории во вредност од околу 25 милиони евра.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер