Промовиран проект за унапредување на образованието на медицинските сестри и акушерките

Проектот ќе обезбеди натамошно унапредување на сестринскиот и акушерскиот кадар, а ние како Влада и ресорни министерства се стремиме да создадеме услови за нивна поддршка. 

Проект за унапредување на образованието на медицинските сестри и акушерките и воспоставување систем за признавање на професионалните квалификации во државава (2024-2025) ќе се имплементира со поддршка на Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, со техничка помош на Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје и Министерството за здравство.

Проектот е финансиран од ЕУ и ќе им овозможи на учениците и студентите да добиваат квалитетно образование по европски стандарди. На промоцијата во Скопје присуствуваа министрите за образование и за здравство, Весна Јаневска и Арбен Таравари, кои за медиумите изјавија дека медицинските сестри „се столбот на здравствениот систем“.

- Проектот ќе обезбеди натамошно унапредување на сестринскиот и акушерскиот кадар, а ние како Влада и ресорни министерства се стремиме да создадеме услови за нивна поддршка. Нашата држава треба соодветно да го цени нивниот придонес, преку конкурентни плати и можности за професионален раст и напредок, за да можеме да ги задржиме меѓу нас. Како лекар можам со сигурност да кажам дека тие се столб на здравствениот систем, без кој не е можна здравствена заштита, рече Јаневска, нагласувајќи дека важен аспект на проектот е воспоставувањето систем за признавање на професионалните квалификации, што ќе овозможи препознатливост на стекнатите дипломи.

Јаневска истакна дека здравствениот систем не може да постои без медицинските сестри, акушерките и техничарите и тој „без нивното постоење би се распаднал“.

- Нивната стручна работа е од исклучително значење за граѓаните на секоја држава, па и на Македонија. МОН активно се вклучува во овој процес заедно со Министерството за здравство за да постигнеме што е можно поголем успех, изјави Јаневска.

Како што посочи на презентацијата, здравствената струка се реализира во 20 средни училишта низ државата, а над 4700 ученици, од прва до четврта година, се школуваат за медицински сестри.

Во образовниот профил гинеколошко-акушерска сестра, од прва до четврта година, има вкупно 406 ученици. Дел од нив продолжуваат на студиските програми од прв, втор и трет циклус на студии.

Министерот за здравство Арбен Таравари им се заблагодари на поддржувачите на проектот со кој, рече, ќе се унапреди функционирањето на медицинскиот персонал во државава.

На новинарско прашање како Владата се справува со одлив на медицинскиот кадар во странство, министерот одговори дека тоа е тренд генерално во регионот, не само во нашата земја, и дека недостиг од кадар има насекаде во државава што потврдуваат и директори на здравствени установи во внатрешноста на земјава.

Тој очекува до крајот на годинава да биде објавен оглас за вработување на над илјада лица средномедицински персонал во јавното здравство.

- Секаде има недостиг. Затоа Владата веќе презема чекори. Јас се надевам дека до крајот на оваа година ќе биде објавен конкурс за примање на работа на над илјада средномедицински персонал. Тука не подразбирам само медицински сестри, туку и болничари, лаборанти, тие што беа со договор на дело. Но, повторно е малку, повторно ќе имаме уште потреба, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања пред промоцијата на проектот организирана со Амбасадата на Словенија.

Меѓу преземените чекори на Владата во насока да ги задржи докторите и друг медицински кадар, Таравари посочи дека 300 специјализанти оваа година и 300 идната ќе бидат примени на работа, „1100 средномедицински персонал, колективен договор, покачување на платите“...

- Ова е што може да направи една Влада за шест месеци, бидејќи ова се наталожени проблеми од 2017 година. И тогаш беа истите проблеми. И после седум години, успеваме за шест месеци да ги решаваме проблемите, додаде министерот за здравство.

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер