Произведено милионитото возило Пежо 2008

По шест години од лансирање на моделот Peugeot 2008 SUV, PSA Group во фабриката во Мулхаус го произведе милионитото возило!

PEUGEOT 2008 во моментов е произведен на три континенти - во Европа, Кина и Латинска Америка - но неговата приказна започна во 2013 година во Мулхаус, местото каде што се произведува и кое денес го слави производството на милионитото возило. Од самото лансирање на PEUGEOT 2008 ја ности ознаката "Origine France Garantie" заедно со 62% од компонентите кои се произведени во Франција.

Произведен во повеќе од 1.210.250 примероци ширум светот, PEUGEOT 2008 брзо ги освои купувачите во сите земји каде што се продава. Рангирајќи се помеѓу првите три модели во B-SUV сегментот во 30 европски земји, тој продолжува да биде голем успех.

Во Мулхаус, секој ден произведуваат по 780 примероци на 2008, а резултатот за целата 2018 година е вкупно 193.000 примероци. Во Мулхаус, Жан-Филип Импарато, главниот извршен директор на брендот, ги предеаде клучевите од милионитото PEUGEOT 2008 - бела Crossway PureTech 130 S&S со 6-степен мануелен менувач - на г-ѓа C. Jung која е лојален клиент на PSA Ratail.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер