Истражувањето открило дека совршеното тело има индекс на телесна маса од 18,85, а обемот на градите – половината – колковите на идеалната жена е 99-63-91 сантиметар, што значи дека моделот одлично се вклопува во овие пропорции.
Манекенката која на почетокот на кариерата била позната по бујното деколте, работела и како телевизиска водителка, а сега води радио емисија. Сепак, таа е најпозната токму по титулата жена со најсовршено тело на светот, иако е малку пополна, но има идеална големина и форма.
Интересно е што убавицата никогаш не подлегнала на естетски корекции, туку тоа се должи на природниот изглед, а како изгледа нејзиното тело во реалноста, без никакво разубавување, најдобро покажуваат папарацо фотографиите.
Во неколку наврати ја „уловиле“ како ужива на плажа и гордо ги покажува своите облини, но ѝ требало време да почне да се чувствува удобно во сопствената кожа.
Со текот на годините, Кели Брук се соочувала со бројни безмилосни коментари насочени кон нејзиниот изглед, а во една прилика признала дека дури сега, на 43-годишна возраст, се чувствува целосно самоуверена. Иако со години накачи неколку килограми вишок, сега тоа воопшто не ѝ пречи.
"Важно е да се сакаш себе си! Не сум слаба и не се изгладнувам. Мојот режим е: пешачење што е можно повеќе, редовно посетување сауни за отстранување на токсините од телото, многу вода и што е најважно, многу секс за фитнес“, изјави таа во 2012 година во едно интервју.
Сопственичката на најсовршеното тело на планетата од јули 2022 година е во среќен брак со италијанскиот модел и актер Џереми Париси, кој е пет години помлад од неа, а позната е и по тоа што била во врска со бројни холивудски фаци, меѓу кои се истакнуваат најмногу актерот Џејсон Статам и ѕвездата на „Титаник“, Били Зејн.