Продолжување на кризната состојба заради мигрантите на дневен ред на 126-тата собраниска седница

Собранието на Македонија денеска треба да ја одржи 126-тата седница

Собранието на Македонија денеска треба да ја одржи 126-тата седница на чиј денвен ред се 123 точки меѓу кои и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на земјава.

Во рамките на седницата пратениците треба да разгледаат повеќе законски решенија по скратена постапка и во прво читање, како и да се изврши избор на првите луќе во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за квалитет во високото образование и Комисијата на Агенцијата за пошти.

На дневнен ред се и Предлог-одлука за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции и Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2020 година, како и неколку ратификации на спогодби.

Пред пратеницте ќе се најдат и Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување во второ читање, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за семејството, на Законот за превенција, на Законот за еднакви можности на жените и мажите, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за вработување на инвалидни лица, на Законот за инвалидски организации, и на Законот за употреба на знаковниот јазик, сите по скратена постапка./МИА

„Гответе со Дракче“ - Плескавица со компир

Во понеделник (29.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јане Рафајловски.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. компири

3 лажици брашно

1 главица кромид

сол и зачини по желба

масло за пржење

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во акција по повод шестдеценискиот јубилеј.

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во денешната акција што сами ја организираа по повод шестдеценискиот јубилеј. Како што информира утрово претседателката на Судот Добрила Кацарска, со ова институцијата ја покажува и својата хумана страна.

-Уставниот суд одбележува 60 години постоење и по повод овој јубилеј најави низа активности. Вработените дадоа идеја една од тие акции да биде и крводарителската, што значи Судот ја покажува и својата хумана храна. Повеќе од половината вработени се пријавија за давање крв или од вкупно 60 повеќе од 30 се согласни да дадат крв, изјави Кацарска.

Акцијата се одржува под мотото „Биди хуман - спаси живот”, во соработка со Црвен крст на Република Македонија. Почна во 9 и ќе трае до 14 часот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето крв и мотивирање на поголем број луѓе за доброволно дарување.

Мадуро: Војната на Украина против Русија е планирана најмалку 20 години

САД планираат и иницираат воени конфликти ширум светот: против Русија, Палестина, Кина, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

„САД планираа серија воени конфликти, а за тоа сведочи издвојувањето на 95 милијарди долари за овие цели. Војната на Украина против Русија беше планирана најмалку 20 години за да ја уништи моќта на Русија, но САД не успеаја да го направат тоа. Денес Русија е посилна економски, политички, социјално, технолошки и воено“, изјави венецуелскиот лидер во авторската емисија „Со Мадуро плус“.

Војната во Палестина се води за да се „консолидира моќта на ционизмот на Блискиот Исток“, истакна Мадуро и посочи дека САД „денес се обидуваат да започнат војна во Тајван против братската Кина“.

Тој, исто така, истакна дека САД формирале база за ЦИА и Јужната команда на американските вооружени сили на територијата на Гвајана Есекибо, која Венецуела ја смета за дел од својата земја.

„Тие планираат да започнат воен конфликт овде“, изјави претседателот на Венецуела и заклучи дека за САД војната е политичка и економска работа.

притисни ентер