Продолжуваат квалификациите за ракометното ЕП, Македонија гостува во Швајцарија

Ракометните репрезентации денеска ги продолжуваат натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2016 година што ќе се одржи во Полска. Досега само три селекции кои имаат максимален учинок имаат обезбедено пласман на шампионатот: Франција, Данска и Унгарија.

Репрезентацијата на Македонија вечерва од 20 часот гостува кај Швајцарија, а натпреварот се игра во Сент Гален.

Двојки од 5.коло и табели:

Група 1: Турција – Норвешка и Холандија – Хрватска (среда).
Табела: Хрватска 6 бодови, Норвешка 6, Холандија 4, Турција 0.

Група 2: Литванија – Данска (среда), БиХ – Белорусија (четврток).
Табела: Данска 8, БиХ 3, Белорусија 3, Литванија 2.

Група 3: Словачка – Словенија и Летонија – Шведска (среда).
Табела: Шведска 7, Словенија 5, Летонија 4, Словачка 0.

Група 4: Израел – Исланд и Црна Гора – Србија (среда).
Табела: Црна Гора 6, Исланд 5, Србија 5, Израел 0.

Група 5: Русија – Украина и Португалија – Унгарија (среда). Украина – Русија (четврток).
Табела: Унгарија 8, Португалија 4, Русија 2, Украина 0.

Група 6: Швајцарија – Македонија и Чешка – Франција (среда).
Табела: Франција 8, Чешка 5, Македонија 3, Швајцарија 0.

Група 7: Финска – Германија и Австрија – Шпанија (среда).
Табела: Шпанија 6, Германија 6, Австрија 4, Финска 0. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер