„GTA 6“ е една од ретките игри што ја заобиколува платформата за компјутер.
Тоа не е ништо ново, бидејќи сите „GTA“ игри во последните 23 години беа објавени прво на конзоли, а дури подоцна на компјутер.
Иако се верува дека тоа ќе биде случај со „GTA 6“, „Rockstar“ не сака да го потврди тоа, па даваат малку чудни објаснувања од матичната компанија „Take-Two Interactive“.
Еве што имаше да каже шефот на издавачката куќа на неодамнешната конференција:
„Гледајте, би рекол дека немањето најава не е нешто што е врежано во камен, затоа што единственото нешто што може да се случи по изоставуање на најавата е самата најава. Или продожљување на непостоењето на најавата, верувам дека и тоа може да се случи“.
„Не ми се чини дека ништо од тоа е врежано во камен. Но, „Rockstar“ има пристап до платформи какви што сме виделе претходно и ќе има повеќе најави во догледно време. Верувам дека вистинската стратегија за нашиот бизнис е да бидеме таму каде што потрошувачите се, и ние секогаш сме ги прифаќале сите места каде што се, на секоја платформа каде што има смисла, одредено време“, додаде тој.
Отприлика - ќе има верзија за компјутер, но се уште не сакаат да признаат.
Извор: Б92