Продажбата на кинески автомобили во Европа бележи драстичен раст

MG и BYD ја предводат офанзивата на кинеските производители, која тешко ќе ги запре дури и најавените нови даноци.

Кинеските новитети изгледаат одлично, а технолошки воопшто не заостануваат зад европската конкуренција. Напротив, тие често нудат повеќе од нивните реномирани ривали. А ако на тоа се додаде барем 20 отсто пониската цена, јасно е дека на традиционалните производители не им оди најдобро.

Ако ги погледнеме официјалните резултати, бројките јасно укажуваат на присуство на кинески производители. На пример, кинескиот BYD, како еден од најголемите производители на електрифицирани возила, во август минатата година продаде само 186 автомобили. Една година подоцна, месечната продажба порасна на 2.685 примероци, а неговиот Atto 3 беше продаван повеќе од BMW Серија 5 или Mercedes E-Class.

МГ од понудата на SAIC влезе во листата на најпродавани многу високо со моменталната продажба. Продажбата скокна од минатогодишните 5.338 примероци во август на 14.411 примероци, а само оваа година во Европа продаде 132.785 примероци. На пример, MG4 стигна до 40-те најпродавани модели во Европа, а MG имаше подобра продажба од Volvo, Suzuki и Mini.

Огромен раст бележи и Smart со 3.715 продадени автомобили во август, додека Geely може да се задоволи со Lotus, но и од Polestar и донекаде Lynk моделите.

Праведно е да се каже дека не растат само кинеските брендови. Тесла забележа плус и со некои автомобили донесени од Кина, како и Jeep, Cupra, Renault, па дури и со луксузниот Lexus.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

 Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.

Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“.

Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.

- Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.

притисни ентер