Притвор за инспекторка во Куманово, земала 4.000 евра поткуп за „да замижи“ пред дивоградба

Основниот суд Куманово по предлог на обвинителството определи притвор во траење од триесет дена на градежната инспекторка која вчера беше уапсена при примање мито, соопшти денеска ЈОРМ.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишна осомничена, за која постои основано сомнение дека во својство на службено лице, градежен инспектор сторила кривично дело „Примање поткуп од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик“. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судот со решение и определи притвор во траење од 30 дена.

- Истрагата е поведена бидејќи осомничената на 1 ноември, во еден ресторан во Куманово, во својство на службено лице, градежен инспектор во Општина Куманово, сектор за градежен инспекциски надзор, побарала и примила подарок за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши со што прибавила поголема имотна корист. Уште во текот на август годинава таа извршила увид на самото место на градба лоцирана на улицата „Доне Божинов“ и констатирала отстапување од одобрението за реконструкција на објект. Наместо согласно своето службено овластување да изготви записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на доградените делови на објектот, од оштетениот изведувач на градбата директно побарала да и даде поткуп во износ од 1.500 евра, велат од обвинителството.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека откако во септември, пријавената била разрешена од функцијата, раководител на градежна инспекција и била назначена за овластен инспектор отишла во контрола на друг објект во изградба каде управител на фирмата изведувач повторно бил оштетениот.

- И таму констатирала неправилности во фаза на градба-отстапување на одобрение за градење, но повторно не составила записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на констатираните недостатоци на градбата, туку се сретнала со оштетениот и побарала поткуп дополнително уште 2.500 евра или вкупно 4.000 евра за двата објекти. Парите и биле исплатени во целост во готовина на рака на 1 ноември, годинава, со што пријавената се стекнала со противправна имотна корист, велат од обвинителството.

Полицијата вчера ја уапси инспекторка од Куманово при примање мито.

- На 25 септември, годинава граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1.500 евра, за да на 31 октомври, годинава ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра. По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки. На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово, информираа вчера од полицијата.

Почина најстарата олимписка шампионка, го преживеала холокаустот со лажни документи

Унгарската гимнастичарка Агнес Келети, најстарата олимписка шампионка во светот, почина утринава на 104-годишна возраст во болница во Будимпешта, потврди Унгарскиот олимписки комитет.

Келети е родена на 9 јануари 1921 година во Будимпешта во еврејско семејство, го преживеала холокаустот, освоила пет златни олимписки медали, три сребрени и две бронзени, а подоцна се посвети на тренерската работа. Таа била хоспитализирана во саботата во критична состојба поради проблеми со срцето и тешкотии со дишењето.

Оваа легендарна гимнастичарка, која за неколку дена би наполнила 104 години, почнала да се занимава со спорт уште како дете и го освоила првото злато на националното првенство во 1940 година. Во 1944 година, кога пронацистичкиот режим во Унгарија почнала да ги депортира Евреите во логори на смртта, Келети успеала да побегне користејќи лажни документи и да се скрие во едно мало село.

По војната, таа станала дел од унгарскиот тим за гимнастика. Таа го освои своето прво олимписко злато на Игрите во Хелсинки во 1952 година, откако повредата ја спречи да учествува во Лондон во 1948 година. Таа освои уште еден сребрен и два бронзени медали во Хелсинки. Четири години подоцна, на Олимпијадата во Мелбурн во 1956 година, Келети се истакна, освојувајќи четири златни медали и еден сребрен во екипна конкуренција.

По Олимпијадата, Келети се преселила во Израел, каде што работела како универзитетски професор и тренер. Од 1990 година, по падот на Железната завеса, таа поминувала сѐ повеќе и повеќе време во Унгарија.

Келети беше примена во Куќата на славните за уметничка гимнастика во Оклахома во 2002 година. По повод нејзиниот 100-ти роденден, Меѓународниот комитет за фер-плеј (НФПБ) ѝ додели награда за животно дело, истакнувајќи го нејзиниот живот „обележан со прифаќање и толеранција, кои се основните идеи на фер-плејот“.

На 102-годишна возраст, Келети рече дека вежба секојдневно, ужива во овошје и чоколадо и гледа натпревари во гимнастика на интернет без наочари. Позната по својата духовита природа, Келети имала необичен одговор на прашањето за тајната на долговечноста: „Избегнувам да се гледам во огледало“.

Русија воведе нов закон против мигрантите, од март полицијата ќе може да им упаѓа во домовите

Од март 2025 година, руските полицајци ќе имаат право слободно да влегуваат во домовите во кои живеат мигранти.

Овие мерки ќе важат за странците кои се под режим за протерување, пренесува info24.ru.

Според одредбите на законот, кој стапува на сила на 5 март, полициските службеници ќе можат да бараат информации и документи од државните органи и органи на други земји за да вршат државен надзор над мигрантите. Конкретно, тие ќе можат да бараат информации кои вклучуваат деловни, банкарски, даночни или други тајни заштитени со закон.

Спроведувањето на ваквите мерки ќе биде овозможено, според инфо24, со помош на технички средства. Оваа одредба се однесува и на физички и на правни лица кои обезбедуваат помош на таквите мигранти за време на нивниот престој на територијата на Русија. Полициските службеници ќе можат да користат податоци од мобилни уреди, геолокациски и платежни системи.

Од 5 март стапува на сила миграцискиот режим за протерување на странци или лица без државјанство кои се илегално на територијата на Русија или кои ги прекршиле законите на земјата. Одредени права и слободи ќе бидат ограничени на таквите мигранти, а против нив ќе бидат применети мерки за федерален државен надзор во сферата на миграцијата, пренесува ТАСС.

Претходно беше најавено дека илегалните мигранти во Руската Федерација мора да ја напуштат земјата или да го регулираат својот правен статус во рок од четири месеци, до 30 април. Соодветниот декрет беше потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Легендарен модел на Ланчија се продава за над половина милион евра

Легендарниот модел Lancia Delta Integrale, рели автомобилот кој Карлос Саинц го прослави во раните деведесетти, моментално е на продажба, а сопственикот за него бара вистинско богатство.

Поминаа повеќе од 30 години откако Карлос Саинц доминираше во рели шампионатот, а во исто време оживеа приказната за легендарната Lancia Delta Integrale, која сè уште е вистинско богатство за секој љубител на автомобили.

Автомобилот, кој му припаѓаше на официјалниот тим на Lancia, е опремен со 2.0-литарски четирицилиндричен мотор кој произведува повеќе од 300 КС, има шест-брзински менувач Lancia Abarth R90 и, се разбира, погон на четири тркала.

Приказната за овој модел е повторно ажурирана откако сопственикот го реставрирал и го подготвил за продажба. Реставрацијата е направена во Франција во 2019 година, а сопственикот чекал пет години пред да одлучи да го продаде.

Преку британскиот дилер на автомобили Данкан Хамилтон Рофго, кој е специјализиран за најбараните рели автомобили, сопственикот бара 511.000 евра. Тоа е голема сума, иако не е претерано за некој што ја разбира вредноста на овој модел.

Обична Lancia Delta Integrale денес се продава за повеќе од 100.000 евра, а датира од периодот од 1987 до 1992 година. Меѓутоа, бидејќи овој модел го возеше двократниот шампион Карлос Саинз, неговата цена е добро оправдана.

Lancia Delta HF Integrale освои четири WRC титули за време на златното доба, кога ривали беа легендарните модели како што се Ford Sierra, Toyota Celica и Subaru Impreza. Лансија постигна уште поголема доминација во конкуренција на конструктори, освојувајќи шест последователни титули до 1992 година.

притисни ентер