Пристигна првиот електричен автомобил, што чини под 10.000 евра (ФОТО)

Беше само прашање на време кога на пазарот ќе се појави електричен автомобил со прифатлива цена.

Европските марки не можеа да одат под 25.000 евра, а потоа пристигна и електричното Twingo. Но, и тоа не беше ништо драстично додека патиштата не ја видоа малата Daciа Spring. Концептуално доаѓа од Индија, исто како и оваа електрична новина.

Неговото име е Тиаго.ев, а потписот е на Тата. Во Индија започнува со цена од 8,49 лах, што е нешто помалку од 10,500 евра. Станува збор за модел со мала батерија од 19,2 kWh, но која нуди 255 km според стандардот MIDC.

Се нудат неколку нивоа на опрема, како и опција со поголема батерија од 24 kWh со која досегот се зголемува на 315 km. Опциите за полнење на AC полначот се 3,3 kW или 7,2 kW во подобро опремените модели. На брзиот полнач, корисникот може да смета на 110 километри досег за 30 минути полнење.

Да го спомнеме и погонот. Електричниот мотор произведува 75 КС и 114 Nm, што значи дека е сосема солиден за низ град. Достигнува 60 km/h за 5,7 секунди. И сега најдоброто, Индијците даваат гаранција од 8 години или 160.000 км на погонот и батеријата. Звучи одлично, па не се сомневаме дека таков автомобил добро би се снашол и на нашиот пазар.

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

притисни ентер