Пристигна „Grok“ - дали е ова крајот за „ChatGPT“?

„Grok“ чини 16 долари месечно како дел од претплатата на „X Premium Plus“ и моментално е достапна за ограничен број корисници.

Илон Маск и неговиот стартап за вештачка интелигенција „xAI“ го лансираа „Grok“ - чет-бот за вештачка интелигенција што треба да го надмине „ChatGPT“ на „OpenAI“.

Мотивот за создавање на „Grok“ е да се создадат алатки за вештачка интелигенција кои можат да му помогнат на човештвото да ги подобри своите истражувања и иновации, како што претходно објасни Маск во својата објава за платформата „Х“.

Маск и „xAI“ истакнаа дека знаењето за светот во реално време е „уникатна и фундаментална предност“ што ја има „Grok“, која се користи преку платформата „X“.

„Исто така, ќе одговори на „жешките“ прашања на кои повеќето други системи за вештачка интелигенција одбиваат да одговорат. „Grok“,е дизајниран да одговара на прашања генијално и има малку бунтовничка природа, затоа не го користете ако не ви се допаѓа хуморот!“ , истакнува Маск.

Системот, со кој е направен „Grok“, е оценет со неколку академски тестови по математика и кодирање и нуди перформанси што се подобри од она што „ChatGPT-3.5“ може да го направи во сите тестови, според xAI.

Сепак, во ниту еден од тестовите „Grok“, не успеа да ја надмине најнапредната верзија на „OpenAI – GPT-4“.

„Grok“, ќе биде достапен преку претплатата „X Premium Plus“, по цена од 16 долари месечно, а засега е ограничена само на одредени корисници во Соединетите Американски Држави.

Санофи и ОпенАИ ќе соработуваат за развој на лекови користејќи вештачка интелигенција

 Францускиот фармацевтски гигант Санофи (Sanofi) е подготвен да соработува со развивачот на технологија ОпенАИ (OpenAI) за да изгради софтвер за вештачка интелигенција за забрзан развој на лекови, јави ДПА.

Компаниите ќе соработуваат и со американската фармацевтска групација Формација Био за да ги проучат потенцијалните позитивни ефекти на вештачката интелигенција врз пациентите кои чекаат нови третмани.

Според договорот, компаниите ќе комбинираат податоци, софтвер и модели за да развијат приспособени, прилагодени иновативни решенија за развој на лекови.

Неодамна беше објавено и дека технолошкиот гигант „Епл“ („Apple“) е во завршна фаза на постигнување договор со ОпенАИ за вклучување на неговите функции во претстојниот мобилен оперативен систем - iOS 18. /МИА

ЗНМ со осуда на цензурата од директорката во Токсикологија, Бесија Иљази

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје.

Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.05.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката, соопштуваат од ЗНМ.

Тухел ќе паузира или ќе предводи клуб од Премиер лигата

Томас Тухел ќе паузира од кариерата или ќе предводи премиерлигашки клуб, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Педесетгодишниот стручњак ја напушти функцијата главен тренер на Баерн.

Во исто време, клубот од Минхен на Тухел ќе му плати повеќе од 10 милиони евра.

Договорот на германскиот фудбалскиот стручњак е со важност до 30 јуни 2025 година, но ќе биде раскинат доколку тренерот се договори со друг клуб и Баерн нема да бара отштета за трансферот.

Меѓу најсериозните опции во Англија се Челзи и Манчестер јунајтед. /МИА

притисни ентер