Рома го победи Лацио во градското дерби од Серија „А“, а откако на клупата на „волчицата“ од Рим дојде Клаудио Раниери, се чини дека се функционира како што треба.
Во Рим се одигра многу бурно дерби, а Рома победи со 2:0 против Лацио, но мечот го одбележаа препукувања и тепачки на теренот.
Се заврши со санкции и картони, а тренерот на Рома, Клаудио Раниери беше тој што сакаше да ја спречи ситуацијата премногу да ескалира и да ги помири играчите да не се создава хаос на теренот.
Тој ги кажа своите впечатоци по победата.
-Често ме повикуваат за време на проблематични ситуации во клубовите, се трудам да внесам смиреност, работна етика и да ја вратам самодовербата. По лошата прва полусезона треба да докажеме дека сме поминале низ тунелот и сега треба да видиме малку сончева светлина. Ни треба одличен натпревар и во Болоња, бидејќи би било страшно да одиме таму и да не го повториме овој пристап. Резултатот може да зависи од многу различни фактори, но клучот е да се бориме исто толку тешко како што направивме, вели Раниери.
Италијанецот дојде на клупата на Рома како привремено решение до крајот на сезоната наместо Иван Јуриќ, а се чини дека навивачите многу сакаат искусниот стручњак да остане во Рим.
-Не, подготвен сум да останам до крајот на сезоната, а потоа Господ ќе каже. Тренерот мора да обезбеди противтежа во дербито. Ако играчите се премногу агресивни, морам да ги смирам и обратно. Ништо друго не зависи од тренерот, само се трудам играчите да бидат мирни и да го дадат својот максимум на теренот, порача тој.
Лоренцо Пелегрини постигна гол во италијанското дерби, а токму Раниери успеа да го мотивира и да го поттикне да игра добро.
-Пелегрини дојде да разговара со мене вчера и сфатив дека има луда желба да биде капитен на Рома во дербито. Едвај чекав да го каже тоа, бидејќи ние тренерите се трудиме да ги мотивираме играчите и да извлечеме максимум од нив. По натпреварот против Милан му кажав дека не игра добро, но овој пат бев убеден дека ќе биде добар, па му реков дека ќе игра. Головите му се во крвта, тој е еден од најдобрите италијански играчи за врска кога е во прашање постигнувањето голови. Не ме замоли да играм, само имав чувство дека расположението му е како што треба, изјави Раниери.
Поранешните тренери Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ често правеа промени во последните редови и ја намалуваа одбраната од четири на тројца играчи, што Раниери успеа да го реши и да внесе стабилност.
-Се согласувам дека сега станавме тим, секој знае што да прави и како да си помогне. Мора да ја задржиме формата и да продолжиме да играме вака, истакна легендарниот тренер.
Рома сега е на десеттото место на табелата во Серија „А“, додека Лацио е четврти. /МИА