Британската кралска двојка присуствуваше на парадата на баталјонот на ирската гарда , по повод празникот Св. патрик , патрон на Ирците.
Војвотката од Кембриџ , облечена во зелената боја на ирска , со шешир и капут со иста боја , им даруваше букети од детелина на војниците , а се поздрави и со маскотата на баталјонот – ирскиот хрт.
Инаку , принцот Вилијам е полковник на ирската гарда , а детелините се симбол на Ирска и на празникот. Во целиот свет по повод овој празник се одржуваат прослави и паради.