Принцот Чарлс ,отечен на официјалната посета во Индија (ФОТО)

Британскиот принц Чарлс е во официјалната посета на Индија , каде многумина забележаа дека му се невообичаено многу отечени рацете и нозете.

Принцот Чарлс во моментов е во официјална посета на Индија, каде пристигна вчера. По пристигнувањето во Њу Делхи, синот на кралицата, кој треба да го прослави својот 71 роденден, веднаш започна со службените должности и состаноци, а отечените раце и нозе го привлекоа вниманието на фоторепортерите.

Принцот Чарлс на првиот ден од патувањето во Индија имаше црвени и отечени раце и нозе. Од неговата придружба велат дека ова често се случува на меѓународни патувања, особено кога патува во тропски и суптропски области.

И долгите летови редовно предизвикуваат отоци, така што принцот Чарлс се шегуваше пред околу седум години во Австралија дека прстите му личат на колбаси.

Експертите велат дека отокот може да биде предизвикан од задржување на водата до лоша циркулација, па дури и артритис.

Откако поминал девет часа во авионот, Чарлс најпрво се сретнал со службени лица, а потоа го посетил храмот каде што се капел, за да може да му се опуштат нозете. Таму помагаше во кујна за сиромашни.

Принцот денеска ќе го прослави својот 71 роденден во Мумбаи и во недела патува за Нов Зеланд каде ќе му се придружи неговата сопруга Камила.

Британските медиуми посочуваат дека принцот Чарлс е најстариот наследник на круната во британската историја. Кога ќе ја наследи круната од неговата мајка, кралицата Елизабета, тој ќе биде најстариот крал некогаш крунисан. Најстариот во моментов е Вилијам IV, кој ја наследил круната во 1830 година на 64 годишна возраст.

Вилијам и Кејт објавија досега невидена фотографија

Принцот Вилијам и принцезата од Велс Кејт синоќа прославија 13 години брак, а по тој повод објавија досега невидена црно-бела свадбена фотографија. 

На фотографијата Кејт ја носи познатата венчаница на Александар Меквин, дизајнирана од Сара Бартон, а Вилијам е во униформа на ирската гарда, пренесува Sky News. Кралската двојка се венча во Вестминстерската опатија на 29 април 2011 година и има три деца, Џорџ, Шарлот и Луис.

Вилијам и Кејт се запознале додека студирале на Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска и биле заедно околу 20 години. Минатиот месец принцезата од Велс објави дека се лекува од рак и му се заблагодари на сопругот за поддршката што и ја пружал во „многу тешките месеци за нашето семејство“, потсетува Танјуг.

Јелена Карлеуша за бракот со Душко Тошиќ: Ситуацијата е очајна долго време

Контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша повторно ја разбранува јавноста со коментар за бракот со екс фудбалерот а сега менаџер Душко Тошиќ. 

Многумина не веруваат дека Јелена Карлеуша се уште е во брак со Душко Тошиќ, а таа сега ги откри деталите од нивниот заеднички живот.

- Луѓето се шокирани кога велам дека сè уште сме во брак. Сите мислеа дека сме разведени, но не сме. Сите мислат дека не живееме заедно, но живееме. Ситуацијата е очајна долго време, затоа што јас не сум човек што лаже.

Жал ми е за тоа, бидејќи верувам дека јас и Душко никогаш не смееме да бидеме некој што се гледа низ каков било нишан - изјави Карлеуша за Курир. рс.

Таа исто така додаде: - Тој е татко на моите деца и член на моето семејство. Го сметам за најблизон и за него би направила се, би застанала пред куршум би им се спротивставила на десет луѓе за него би направила се, истакнала популарната пејачка.

- Воопшто не размислувам за темата љубов и тоа дека сега треба да почнам од почеток, но знам дека заслужувам љубов. Некој да ме гушне, да ме сака, да каже некој убав збор... Тоа одамна го немам. Знам дека заслужувам, но не можам да кажам дека ми недостига, бидејќи сум целосно замрзната на таков начин на живот,сега сум како машина - раскажала Карлеуша во интевјуто, која потоа отркила кога последен пат сопругот Душко ја прегрнал и и кажал убав збор.

-Поминаа години, повеќе од пет години не сме во тие односи. Сето тоа го заменив со она што го црпам од моите деца, Атина и Ника. Привлекувам емоции, внимание, убави зборови и комплименти од моите обожаватели. Затоа им се давам многу, бидејќи немам љубов во приватниот живот. Можам да бидам среќен со себе, не ми треба друга личност за да бидам среќен. Друга личност не ме прави целосна, ниту моите потреби се врзани за друга личност. Среќата ја наоѓам во разни ситуации и ситници. Мојата среќа не зависи од тоа дали некој маж ќе ме сака или не, заклучила Карлеуша.

Герасимовски: Започна инсталирање на смарт јавно осветлување

Денеска започна инсталирањето на Тип 2 светилките кои се дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. 

Тип 2 светилките ќе бидат инсталирани на споредни улици низ целата општина односно близу основни училишта, градинки, паркови, шеталишта итн. Од овој тип светилки ќе бидат инсталирани вкупно 2.637 парчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека Општина Центар е носител на иновациите кои носат бројни бенефити на граѓаните.

„Денеска започна инсталацијата на Тип 2 светилките кои ќе бидат инсталирани близу предучилишните и училишните институции како и паркови, шеталишта и споредни улици во општината. Ова лед осветлување со технологија за автоматско димирање односно само ја зголемува и намалува светлината следејќи го заоѓањето на сонцето носи дополнителни заштеди за општината без зголемување на ризикот за безбедноста на сообраќајот и сигурноста на граѓаните“, вели Герасимовски.

Процесот за менување на јавното осветлување со нови старт светилки Општина Центар го започна пред две недели со поставување на лед светилките од Тип 1 кои се инсталираат на најфреквентните улици во општината. Поставувањето се одвива етапно според урбани заедници поставувајќи ги паралелно различните типови сијалици кои ги има вкупно четири. Општина Центар преку реализација на овој проект ќе ја унапреди енергетската ефикасност со тоа што ќе оствари заштеда до 70% на потрошувачката на електрична енергија за јавно осветлување и повеќе од 75% на трошоците за одржување на постојниот систем.

Општина Центар

притисни ентер