Приказна за Агафија – 70 години самотија во сибирската тајга без допир со цивилизацијата

Звукот од секирата на Агафија Ликова го разбива вечниот молк во сибирската тајга.

Така е секој ден, речиси еден век, минат во целосна изолација, 300 километри од најблиското населено место, се до неодамна, кога руските власти ја открија и ја посетија најосамената жена на светот.

Оваа 70-годишна старица веќе 40 години живее сама, броејќи ги суровите сибирски зими, оставена на милоста на непредвидливата природа.

-Најчесто јадам компири. Порано собиравме и по 150 гајби. Неретко јадевме и корени од растенија или малини за појадок, кои ги стававме во леб, вели Агафија Ликова.

Приказната на Агафија почнува во 1934-тата година, кога таа не била ниту родена. Соочено со репресијата на Сталин и радикалните реформи во руската црква, нејзиното семејство бега во непристапните предели на Сибир, останувајќи верно на старите православни принципи. Агафија е најмалата од четирите деца. Од 6-членото семејство, само таа успева да ја преживее фаталната 80-та година, во која како што вели, зимата траела 9 месеци, а таа дури морала да си ги изеде кожните чевли за да преживее. Не знае ништо за Втората светска војна, за даноци, лекови или технологија.

-Дали ми недостига цивилизацијата? Воопшто. Знам дека таму има многу возила, чад и гасови. Таму нема воздух за дишење, вели Агафија.

Семејството прв пат било забележано во 1978-та од група геолози, кога таа прв пат доаѓа во контакт со непознати луѓе. Од тогаш единствено друштво и се мачките, старата библија и совршениот мир, поради кои како што вели, нема причина да го напушти својот свет.

Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово.

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово, по повод 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер. Во продолжение честитката од Спасовски на социјалните мрежи:

„Гоце Делчев - син на Македонија, двигател на македонскиот цивилизациски напредок.

Денеска, со посебен пиетет положив цвеќе пред бистата на великанот Гоце Делчев во мое Куманово, по повод 121 годишнината од загинувањето на македонскиот јунак.

Борбата на македонскиот револуционер Гоце Делчев никогаш не беше свртена кон минатото, туку кон иднината. Македонија со европска иднина, како дел од демократскиот и прогресивен свет. Тој ни остави аманет за вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.

И никогаш посилно не одекнувале неговите зборови во Преспа, во далечната 1901 година: „Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“ - Идеалите и заложбите на великанот Делчев ги продолжуваме остварувајќи го вековниот сон за слободна, демократска и економски напредна Македонија, дел од најмоќните светски сојузи НАТО и ЕУ - како Македонци, со македонски идентитет, посебност, јазик, култура и традиција.

Нека му е вечна слава!”, напиша Спасовски на социјалните мрежи, се наведува во партиското соопштение.

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи, во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони

И покрај опструкциите со кои се соочува нашиот градоначалник Борче Митевски овде во Петровец, општината продолжува да се гради да се развива.

Во моментов се градат 10 нови фабрики и како што Општина Петровец е пример за соживот и за градење така планираме да ја водиме и идната влада на Република Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Платформа 1198 ќе инвестира во Петровец нови 5 милиони евра. За мост средно Коњаре, ќе го реконструираме патот од влезот на Петровец до излезот во Ржаничино и секако ќе ја завршиме новата детска градинка.

Многу е важно на 8 мај да се излезе и да се гласа, многу е важно да се гласа за број 2, затоа што број 2 ветува градба и промени, ветува реформи.

Ве повикувам сите на 8 мај сите заеднички сплотено да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија, рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

„Гответе со Дракче“ - Макало од компири

Во петок (03.05.2024) во емисијата гостин ни беше Рада Бошковска

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. кромпир

3 пакувања сув пипер

1 главица лук

1 китка магдонос

сол и бибер по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер