Претставен е Mini Countryman JCW со 300 КС, цената засега е тајна (ФОТО)

Mini Countryman отсекогаш имал посебно место во гамата на оваа марка BMW: типичен кросовер помеѓу мал градски автомобил и компактен теренец.

Со својата просторност и возни карактеристики е достапен и со погон на сите тркала, привлечен е за клиенти кои сметаат дека класичниот Mini е премногу ограничен во карактеристиките. Новата генерација на овој сестран автомобил нуди повеќе простор, удобност и безбедност, а најновата верзија нуди и громогласни перформанси.

Имено, по обработката во стилот на Џон Купер Воркс, дволитарскиот бензински турбо мотор беше преправен на дури 300 КС, што му овозможува на автомобилот да спринтува до 100 km/h за само 5,4 секунди со максимална брзина вообичаено ограничена на 250 km/h. Промените во аеродинамиката на возилото, кое со коефициент на отпор од само 0,26 е едно од најдобрите во својата класа, исто така придонесуваат за перформансите.

Тој е погон на сите тркала преку оригиналниот систем ALL4 на Mini, а директното управување, цврстата суспензија и пневматиците широки 245 mm овозможуваат дури и подигнатиот Countryman да има возни карактеристики слични на картинг, белег на сите возила со ознака Mini. Во споредба со „обичните“ изведби, зајакнати се и сопирачките, естетски разубавени со клешти на сопирачките обоени во црвено, а посебно внимание се посвети на звукот што доаѓа од издувните цевки.

Конверзијата на John Cooper Works не би била целосна без бројните други спортски детали на надворешноста на автомобилот, исто како и без минималистичката декорација на внатрешноста на возилото. И сето тоа без да се жртвува практичноста, бидејќи задната клупа може да се помести за 13 сантиметри во должина, а багажниот простор со дарежлива зафатнина од 460 литри може да се зголеми на дури 1530 литри.

Конечно, сите функции на автомобилот се контролираат на целосно дигитална контролна табла направена во OLED технологија со висока резолуција. Датумот на пристигнување на пазарот, исто како и цената на новиот Mini Countryman JCW, сè уште не е познат.

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

Јокиќ: Минесота е одличен и талентиран тим, ќе се бориме до крај

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ изјави дека Минесота е голем и талентиран тим, но истакна дека Нагетс ќе се борат за пласман во следната фаза од плејофот во НБА лигата, пренесуваат американските медиуми.

Минесота вечерва го победи Денвер со 106:99 и поведе со 1:0 во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА.

-Тие се одличен тим, талентирани. Покажаа зошто беа први на табелата во поголемиот дел од оваа сезона, изјави Јокиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Српскиот ас на прес-конференцијата се пошегува кога го прашаa што треба да се поправи и што да прави бидејќи играчите на Минесота постојано му се менувале во одбрана.

-Би сакал да имам клон, знаеш, да излезам да одморам и тој да игра. Потоа се враќам свеж. Ми ставија високи играчи, добри скокачи, дефанзивци... Беа агресивни. Јас сум среќен со ударите што ги упатив, некои не, но тоа е кошарката, ќе се обидеме да ги победиме во следниот натпревар, додаде Србинот.

Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – гол и пет асистенции

Мајами веројатно беше разочаран од НБА тимот кој беше елиминиран на стартот од плеј-офот, но затоа уживаат во фудбалскиот тим и вештините на Лионел Меси. 

Интер ја задржа лидерската позиција во Источната конференција и по 12. коло декласирајќи го Њујорк Ред Бул со 6:2 во дербито, со гол и пет асистенции на Меси и „хет-трик“ на Луис Суарез.

Водството на гостите од Њујорк на полувремето (Ванциер 30), го инспирираше Лео Меси да испише историја на МЛС. На Рохас му „сервираше“ два гола (48, 62), во меѓувреме донесе предност (50), а потоа трипати му испрати асистенција на Луис Суарез (69, 75, 81). Тој стана првиот играч во сезоната со 10 постигнати голови и прв играч во историјата на оваа лига со пет асистенции на еден натпревар.

Голот на Емил Форсберг во седмата минута од судиското надополнување ни малку не го расипа славјето.

Откако се опорави Меси, Интер е незапирлив, води на Истокот по 12 меча со 24 бода, Синсинати има три помалку и меч помалку. Торонто е трет со 19, а Њујорк останува четврти со 17 бодови.

притисни ентер