Претседателот Пендаровски во посета на Куманово

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот" престојува во Куманово.

Каде што го посети основното училиште „Толи Зордумис", а се сретна и со докторката Нурие Алији и метеорологот Борис Секирарски.

Во училиштето „Толи Зордумис" наставата се одржува на македонски и албански јазик, а како што информираат од претседателскиот кабинет, во него е имплементиран Нансен моделот за интеркултурно образование што ги интегрира учениците, родителите и наставниците од различни етнички заедници преку современ воспитно – образовен процес.

За време на посетата на Куманово, претседателот Пендаровски се сретнал со докторката Нурие Алији, која над 20 години се грижи за здравјето на жените во Куманово. Претседателот посочи дека треба да се истакнуваат позитивните примери во општеството, како што е Алији.

Пендаровски го посетил и метеорологот Борис Секирарски, кој повеќе од три децении работи во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Скопје, а е носител на повеќе домашни и меѓународни признанија за своите иновации.

-Следејќи ги климатските промени и последиците од нив, Секирарски го создал единствениот по функција македонски ИоТ (IoT Internet of things) уред наречен ЕЛИФ (Electronically Leed Internet Forecast), чија функција е предвидување на поплави и невреме. Секирарски, исто така, работи на поновиот систем ЕЛИФА за следење на промените на квалитетот на воздухот над поширок регион. Меѓу поновите негови успеси е системот кој ги обединува сите негови напори на полето на климатските промени, наречен ЕлифЕРС (ELIF – Emergency Response System). Со него во регионот ќе можат да работат кризните штабови од различни нивоа и постојано да имаат проценки за различни закани од природата, информира претседателскиот кабинет.

Проектот „Лице в лице со Претседателот" е инициран во изборната програма на претседателот Пендаровски, а целта е преку посети на населените места во земјава тој да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеите за нивно надминување.

Бостон избори четвртфинале, Далас поведе против ЛА клиперс во плејофот на НБА

 Екипата на Бостон селтикс ноќеска го победи Мајами хит со 118:84 и со вкупно 4:1 ја доби серијата во првото коло од плејофот на НБА-лигата.

Противник на Селтикс во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од пресметката Кливленд кавалирс – Орлано меџик (3:2 по пет натпревари).

На вториот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Далас маверикс убедливо го совлада Лос Анџелес клиперс со 123:93. Далас до третата победа во серијата прв до четири дојде најмногу по заслуга на Лука Дончиќ кој постигна 35 поени.

Во четвртфиналето победникот од двојката Далас – ЛА клиперс ќе игра со Оклахома Сити. /МИА

СДСМ: Со глас за СДСМ на 8 мај ги чуваме темелите на државата

​Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата.

Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променете, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани.

Гласот ЗА СДСМ е глас за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија.

Центар за комуникации на СДСМ

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот.

Вашингтон вчера објави нов бран санкции насочени кон руски и странски компании и поединци обвинети за вмешаност во руските воени напори за инвазија врз Украина. Покрај руски одбранбени компании и кинески субјекти, санкциите се и на неколку истражувачки единици и компании вклучени во руски програми за хемиско и биолошко оружје. Воведени се санкции за речиси 200 субјекти, а Стејт департментот таргетираше повеќе од 80 во една од најобемните акции против кинески компании досега во санкциите на Вашингтон насочени кон Русија, јавија американските медиуми.

Канцеларијата за контрола на странски средства соопшти дека санкционирала компании со седиште во Кина, Хонг Конг, по повеќекратните предупредувања од Вашингтон за поддршка на руската војска.

Министерството за финансии санкционираше речиси 60 субјекти лоцирани во Азербејџан, Белгија, Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Словачка, бидејќи и овозможија на Русија да ја набави потребната технологија и опрема од странство, заобиколувајќи ги санкциите.

„Министерството постојано предупредуваше дека компаниите ќе се соочат со значителни последици за обезбедување материјална поддршка за Русија во војната во Украина, а САД ги воведуваат денеска за речиси 300 субјекти“, рече министерката за финансии на САД, Џенет Јелен./МИА

притисни ентер