Претседателот Пендаровски оствари телефонски разговор со австрискиот претседател Ван дер Белен

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

За време на разговорот беа разменети информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19.

Претседателот Пендаровски го информираше австрискиот претседател за мерките што државните власти ги преземаат во справувањето со пандемијата, вклучувајќи ја и одлуката за повторно прогласување на вонредна состојба во следните 30 дена.

Во разговорот претседателот Ван дер Белен пренесе дел од австриските искуства и мерките што државата ги презема во справувањето со ширењето на КОВИД-19.

Поздравувајќи ја помошта што дел од компаниите со доминантен австриски капитал во земјата ја дадоа за справување со последиците на пандемијата, како и досегашната помош на ниво на Европската Унија и демонстрираната солидарност со државата, претседателот Пендаровски во разговорот со австрискиот претседател Ван дер Белен ја истакна потребата за сеопфатна помош од страна на Европската Унија за земјите од регионот, за справување со последиците од ширењето на КОВИД-19 на здравствен, економски и социјален план.

Претседателот Пендаровски се заблагодари и за јасната австриска поддршка за аспирациите на Македонија за членство во Европската Унија и истакна дека неодамнешната одлука за почеток на пристапните преговори за членство е заслужено признание за напорите на државата во изминатиот период. Претседателот Пендаровски изрази очекување, во овие вонредни околности, Европската Унија да изнајде модалитети за движење на интегративниот процес напред, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот.

Пролетна модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

Јокиќ: Минесота е одличен и талентиран тим, ќе се бориме до крај

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ изјави дека Минесота е голем и талентиран тим, но истакна дека Нагетс ќе се борат за пласман во следната фаза од плејофот во НБА лигата, пренесуваат американските медиуми.

Минесота вечерва го победи Денвер со 106:99 и поведе со 1:0 во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА.

-Тие се одличен тим, талентирани. Покажаа зошто беа први на табелата во поголемиот дел од оваа сезона, изјави Јокиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Српскиот ас на прес-конференцијата се пошегува кога го прашаa што треба да се поправи и што да прави бидејќи играчите на Минесота постојано му се менувале во одбрана.

-Би сакал да имам клон, знаеш, да излезам да одморам и тој да игра. Потоа се враќам свеж. Ми ставија високи играчи, добри скокачи, дефанзивци... Беа агресивни. Јас сум среќен со ударите што ги упатив, некои не, но тоа е кошарката, ќе се обидеме да ги победиме во следниот натпревар, додаде Србинот.

притисни ентер