Пресврт во бизарниот случај на актерот Џаси Смолет (ВИДЕО)

Судот во Чикаго одреди посебен обвинител , кој треба да го преиспита случајот на актерот Џаси Смолет , кој тврди дека бил жртва на расистички напад.

И покрај тоа што властите утврдија дека станува збор за измислен случај , сега судот реши до крај да ги испита наводите на актерот . Смолет , кој е хомосексуалец , е познат по улогата во серијата ,,Империја”. Тој на 29 јануари пријавил дека двајца маскирани мажи го нападнале поради расната и сексуална припадност , изразувајќи поддршка на претседателот Трамп.

По еден месец државната секретарка Ким Фокс го обвини Смолет дека поднел лажна кривична пријава и дека на двајцата мажи им платил 3 500 долари за да инсценираат напад со цел да си ја зголеми популарноста.

Смолет ги одби овие наводи. Лажниот напад на почетокот предизвика голем број осуди , за подоцна на Смолет да му искажат поддршка познатите личности , како актерката Ема Ватсон, пејачката Кети Пери и поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.

Изненадувањето дојде два месеца подоцна , кога во маерт канцеларијата на Фокс го отфрли обвинението против Смолет со објаснување дека бил постигнат договор со актерот за да плати казна од 10 000 долари.

Но , сега судијата Кук Мајкл Тумин го именуваше посебниот обвинител Ден Веб за да утврди дали во претходната истрага била направена некаква грешка и дали има основ за гонење на Смолет за лажна пријава.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан со историски резултат на изборите

Актуелниот градоначалник на Лондон освои рекорден трет мандат како прв човек на британската престолнина.

Кан освои историски трет мандат со сите 14 изборни единици во Лондон објавени досега, пренесува Sky News.

Тој ја доби довербата на 43,7 отсто од гласачите.

Неговата конзервативна ривалка Сузан Хол освои 32,6%.

Излезноста била 40,5%.

Во Лабуристичката партија имало стравувања дека резултатите од гласањето ќе бидат многу поблиски поради загриженоста за слабиот одѕив.

Сепак, Кан собрал 1.088.225 гласови, наспроти 811.518 на Хол.

Кан сега е првиот човек кој освоил трет мандат како градоначалник на Лондон.

Православните христијани ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението...

Верниците ги прават последните подготовки, а се подготвуваат и црквите во земјава...

Пред Соборниот храм е Дејан Трајкоски, какви се обичаите за денешниот ден и од колку часот треба да почне вечерната литургија?

Грузискиот премиер до Американците: Јас не ви приговарав на вас за вашата полициска бруталност

Грузискиот премиер Иракли Кобахиџе ги критикуваше американските официјални лица за давање „лажни изјави“ за контроверзниот закон на неговата влада за „странски агенти“, кој наиде на големи протести во Тбилиси и критики од западните официјални лица.

Законот ќе бара од невладините организации и медиумите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство, да се регистрираат како агенти со странско влијание. САД тврдат дека законот е инспириран од Кремљ и некомпатибилен со демократските вредности.

Кобахиџе, од владејачката партија Грузиски сон, му одговори на Вашингтон. „Лажните изјави на претставници на американскиот Стејт департмент за уличните собири и нацрт-законот за транспарентност нѐ потсетуваат на слични лажни изјави на поранешниот американски амбасадор во 2020-2023 година“, рече тој.

Да потсетиме, во вторникот вечерта грузиските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови за да ја растераат толпата демонстранти. Западните политичари и локалната опозиција изразија загриженост поради полициската репресија.

Владата инсистира на законот и покрај зголемениот гнев во јавноста и постојаното предупредување дека потегот може да ги загрози аспирациите на земјата за членство во Европската унија, пишува Политико.

„Законодавството на Грузискиот сон и антизападната реторика ја ставаат Грузија на несигурен пат. Ги повикуваме властите да им дозволат на ненасилните демонстранти да продолжат да го користат своето право на слобода на изразување“, соопшти Стејт департментот.

Кобахиџе возврати дека „не ја изразува својата загриженост поради бруталното задушување на студентскиот протестен собир во Њујорк“, очигледно мислејќи на пропалестинските протести на универзитетите во Њујорк за време на кои беа уапсени повеќе од 300 демонстранти.

Поддржувачите на законот во партијата Грузиски сон велат дека законот е направен според американскиот Закон за регистрација на странски агенти (ФАРА). Сепак, ФАРА се однесува само на лобисти кои активно работат во име на владите на другите земји и комуницираат со пратениците.

Грузиската верзија на законот ќе се однесува на сите граѓански групи, локални медиуми и невладини организации кои добиваат дури 20 отсто од своето финансирање од странство, што ќе го направи посличен на законот за странски агенти на Русија кој се користеше за задушување на несогласувањето во земја.

притисни ентер