Препораки од Општина Битола поради загадувањето на воздухот

Од Општина Битола апелираат да се користи јавниот превоз.

Општина Битола по добиените информации за надминување на прагот за суспендирани честички во воздухот со големина од десет микрометри (PM10) и надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови на 16 и 17 декември, испрати јавни препораки до граѓаните за заштита на сопственото и здравјето на други лица.

Од Општина Битола апелираат да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат во едно возило во исто време, но исто така препорачуваат да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума или било кој друг синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.

Секторот за односи со јавност на Општина Битола ги сподели и препораките на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје до јавноста во кои се посочува на ограничување на движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцево садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го вршат на отворен простор во загадените зони на градот. Се препорачува земање витамини (антиоксиданси), главно преку исхраната (свеж сезонски зеленчук и овошје), по потреба и додатоци односно суплементи, а хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапиија од матичните лекари и да се придржуваат до препорачаниот диететски режим со намален внес на масна и солена храна.

Барање за решавање на проблемите со загадувањето на амбиенталниот воздух во Битола, синоќа на мирен протест во овој град испратија граѓански организации кои делуваат во оваа општина. /МИА

Претседателот на ПСЖ на прашањето за Енрике: Чекај, дали сте сериозни?

ПСЖ повторно не успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Поточно да игра во мечот за европската титула. Неверојатно несреќно беше елиминиран во полуфиналето од Борусија Дортмунд со вкупен резултат 0:2. За возврат шутираше 31 пат кон голот, во полуфиналните мечеви рекордно 6 пати ја погоди стативата и гредата, но не можеше да постигне гол. Затоа оваа сезона останува само со титулата во Франција, која долго време се сметаше за рутина за ПСЖ.

Сезонава домашното првенство го освои со новиот тренер Луис Енрике. Со неговото доаѓање се промени и филозофијата на клубот. ПСЖ повеќе не ги купува најскапите суперѕвезди, туку се фокусира на собирање супер таленти. Така на реваншот со Борусија имаше тим со просечна старост од 24 години и 157 дена. Тоа е најмладиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите во последните 10 години.

Поради сето горенаведено, претседателот на клубот Насер ал Хелаифи полуде на прашањето на новинарите по испаѓањето од Борусија каква е иднината на Енрике во клубот. „Чекај, сериозно ме праша ли за тоа? Навистина, дали знаеш нешто за фудбалот и дали воопшто го разбираш? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа. Ни претстои светла иднина. "

ДИК: До 17 часот на претседателските избори гласале 42.32%, на парламентарните 46,93%

Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци 66.47%, а најмала во Липково со6,48%.

Најголема излезност на парламентарните избори има во Кривогаштани 79,73%, најмала во Маврово Ростуше е најмала со 22,32% , објави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Пропалестински протести пред Универзитетот во Амстердам, студентите прават барикади (ВИДЕО)

Пропалестинските демонстранти денеска подигнаа барикади пред Универзитетот во Амстердам за да го блокираат влезот во зградата на факултетот, до кој се пристапува од централниот дел на градот и насоката на каналот.

Пропалестинските демонстранти денеска подигнаа барикади пред Универзитетот во Амстердам за да го блокираат влезот во зградата на факултетот, до кој се пристапува од централниот дел на градот и насоката на каналот, и рекоа дека ќе останат таму додека институциите не ги пресечат сите врски со Израел.

Интервентната полиција вчера употреби булдожер за да ги сруши барикадите на друг универзитет во Амстердам и приведе 169 лица, но беше речено дека универзитетот се уште не побарал слична интервенција денеска.

На овој начин студентите во главниот холандски град се приклучуваат на бранот протести и студентски акции на нивните колеги на универзитетите низ Европа, кои се насочени против израелската војна во Газа. Нивните акции уследија по поголемите немири што ги започнаа американските студенти на тамошните универзитети.

Демонстрантите сметаат дека израелските институции со кои соработува универзитетот профитираат од репресијата врз Палестинците.

Универзитетот во Амстердам во понеделникот објави дека програмите за размена со три израелски универзитети се суспендирани поради безбедносни причини. Покрај размената на студенти, универзитетот редовно соработува со израелски научници или компании на осум различни европски истражувачки проекти. Во соопштението се вели дека ниту една од овие соработки не поддржува воени цели.

Полицијата вчера ги растера протестите организирани на швајцарскиот универзитет во Цирих и пред зградата на берлинскиот Freie Universitaet.

Минатата недела полицијата спроведе слична акција на Сорбона во Париз, а во среда Универзитетот во Брисел најави дека ќе ги пријави во полиција сите студенти кои учествуваа во насилниот протест, како и во нападот на претседателот на Еврејскиот студентски сојуз.

Ирскиот колеџ Тринити Даблин (ТЦД) неделава објави дека ќе се повлече од инвестициите на израелските компании поврзани со Обединетите нации со населбите во окупираните палестински територии по студентскиот протест организиран поради војната во Газа.

притисни ентер