Премиерот Заев на свечениот концерт на НУ Ансамбл „Танец“ по повод 70 години од основањето

„Танец“ е жива енциклопедија на македонското традиционално творештво и на нашата фолклорна историја, рече премиерот Заев пред присутните.

Премиерот Зоран Заев, вечерва присуствуваше и имаше свое обраќање на одбележувањето на 70 години од основањето на НУ Ансамбл „Танец“.

На овој настан покрај премиерот Заев свое обраќање имаше и директорот на ансамблот Танец, Мартин Вучиќ кој ги покани сегашните и идните генерации да го одржуваат Танец каков што го создале првите генерации.

„Овој ансамбл, оваа институција е од посебен општествен интерес и наша должност е да ја следиме светлата траекторија по која се движи цели седум децении. „Танец“ треба и мора да ја продолжи својата културна мисија на негување и презентирање на исклучително богатото и автентично фолклорно творештво во земјата и надвор од неа. Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ е цели 70 години симбол на нашата национална култура и уметност и вистински репрезент на македонското фолклорно творештво на целата земјина топка.

Седум децении „Танец“ ревносно се грижи за народните игри и песни, обичаи и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го преточува националниот бит пред целиот свет.

„Танец“ е наш бренд. Тој ја освојува публиката каде и да настапи. Ја освојува со својата професионалност, со високиот уметнички впечаток, со органската поврзаност со раскошната убавина на нашето фолклорно наследство.

Со еден збор ансамблот “Танец” претставува жива енциклопедија на македонското традиционално творештво и на нашата фолклорна историја.

За квалитетот и уметничката вредност на овој наш репрезент говорат и сите громогласни аплаузи од публиката, сите позитивни одгласи од критиката и големиот број стручни и општествени награди, дипломи и признанија, како што се престижните награди „11 Октомври”, „Климент Охридски” и „13 Ноември”.

Никој не останува рамнодушен кога настапува „Танец“. Уште при првиот звук од зурлата, уште на првиот удар на тапанот и при првиот чекор на ороводецот, ни заигруваат срцата, ни затреперува телото.

Не само нам, туку и на сите нашинци во дијаспората и на сите луѓе во светот.

Затоа треба да сме им благодарни на сите генерации членови на „Танец“. Цела низа генерации успеаја да го одржат континуитетот на чување на високите вредности што цели седум децении го прават горд нашиот народ. Не прават горди сите нас поединечно, а верувам дека исто толку ќе бидат горди и нашите деца.

„Танец“ е расадник на уметноста, расадник на професионалци и едно од главните упоришта на нашата културна автентичност. Ние сме должни да го негуваме и во рамките на можностите да му ја обезбедуваме неговата сигурна иднина. Тоа е и наша должност, но и е наша чест.

Нека е честит големиот јубилеј и нека ни е вечен „Танец“!“, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето.

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Фон дер Лајен: ЕУ смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.

„Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина“, рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

„Претседателот Си одигра важна улога во деескалацијата на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија“, додаде Фон дер Лајен.

притисни ентер