Премиера на „Многу врева за ништо“ за затворање на фестивалот „Гола месечина“

Шекспировата „Многу врева за ништо“ во режија на Дејан Пројковски и во продукција на „Театар Комедија“ ќе биде изведена премиерно вечер кај Паркот на езерата во општина Аеродром, за затворање и во чест на наградените на првиот Меѓународен фестивал на комедии „Гола месечина“.

Според режисерот Пројковски, претставата се занимава со театарот и животот, со сонот и јавето, па во одредени моменти актерите се ликовите на Шекспир, а во други моменти се луѓе кои во гримјорната ја носат својата приказна и тежина. Посочи дека претставата се поигрува со жанрови и со стилови, како што рече: театарска илузија со големи актерски трансформации.

- „Многу врева за ништо“ зборува за љубовта, за љубовните бури на младите луѓе во борбата да се пронајде и да се случи вистинската љубов. Има момент во претставата кога влегуваме многу реско во трагедијата за потоа на крајот сами да ја растуриме, да ја иронизираме, да влеземе преку една гротеска. Но интересното е тоа што постојано се игра на различен начин. Линијата се држи меѓу двата жанра, како и меѓу театарот и животот. Некогаш се обидуваме да ги споиме, па гледачот треба сам да оцени што точно е вистината или театарот. „Театар Комедија“ направи одлична актерска екипа. За еден актер да биде комплетен треба прекрасно да игра, да зборува стихови, да пее, да свири и танцува. Тие се прават во претставата и неа би ја дефинирал како театарска магија, изјави Пројковски.

Во „Многу врева за ништо“ играат актерите: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Роберт Ристов, Едмонд Сотир, Крсте Јовановски, Ердоан Максут, Зорица Нушева, Нина Деан, Драгана Левенска и Ева Скендеровска. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски, композитор Горан Трајковски, а кореограф Елена Прокопева.

Фестивалот „Гола месечина“ од 21-ви до 27 јуни го организираше „Театар Комедија“ во соработка со Општина Аеродром и со поддршка на Министерството за култура.

Од седумте претстави (пет домашни и две гостински), четирите награди на фестивалот им се доделени на: „Без паника" во продукција на Народниот театар-Битола за најдобра претстава во целина; режисерот Синиша Евтимов за „Сомнително лице“ во продукција на Македонскиот народен театар; актерот Зоран Љутков за најдобра машка улога за ликот на Цанде во „Солунски патрдии“, продукција на Драмски театар Скопје и Елвира Аљукиќ за најдобра женска улога за Анѓа во претставата „Хамлет од Долна Мрдуша“ во продукција на Народниот театар Тузла. Наградите ќе им бидат врачени вечер, на свеченото затворање на фестивалот во Паркот на езерата во Аеродром.


Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер