Пречекан Андреј Стојаноски, освојувачот на сребрен медал на СП во пливање за спортисти со оштетен слух

Македонскиот пливач Андреј Стојаноски постигна голем успех на Светското првенство во пливање за спортисти со оштетен слух, кое деновиве се одржа во Сан Антонио, САД.

ФОТО - ФЕЈБУК

Македонецот Стојаноски во дисциплината 1.500 метри слободен стил оствари време од 16:57,13 минути, доволно да го освои сребрениот медал. Тој претходно имаше најдобар резултат во квалификациите, со што се пласира во финалето.

Дваесетгодишниот Стојаноски е член на пливачкиот клуб Бета, а на Светското првенство пливаше во уште три финални трки. На 400 метри делфин тој заврши на петтото место, додека на 400 и 200 метри слободно го освои седмото, односно осмото место што е резултат на напорната работа со неговиот тренер Марјан Соколовски.

Во чест на постигнатиот резултат, денеска пред пливачкиот базен „Борис Трајковски”, Стојаноски беше пречекан од семејството, пријателите и голем број вљубеници во спортот, кои му го честитаа големиот успех.

Прв го поздрави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој му посака уште врвни резултати во иднина.

Агенцијата за млади и спорт целосно финансиски го поддржа неговото учество на светското првенство, а како што најави Спасески, поддршката ќе продолжи и во иднина.

Стојаноски е спортски бисер, тој во континуитет постигнува врвни спортски резултати во пливањето, коишто се вреднувани од државата. Тој е носител на Стипендија од АМС од светска категорија, а со овој резултат уште еднаш ќе ја завери и потврди./МИА

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти ширум светот.

„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул.

За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу подрачја ќе се соочија со глад, особено африканските земји. .

Тој нагласи дека Турција, сред пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзиниот теснец./МИА

Десетици загинати и ранети во нападот на израелските сили врз Џабалија и Рафа

Израелски војници и тенкови денеска влегоа во северните делови на Појасот Газа кои ги заобиколуваа повеќе од седум месеци, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, соопштија медицински претставници и жители.

Израелските сили, исто така, зазедоа дел од теренот во Рафа, јужен град во близина на египетската граница, кој е преполн со раселени луѓе.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучително и Џабалија и Рафа, спроведувајќи, како што ИДФ ги нарече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.

„ИАФ (Воздухопловните сили) продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа и нападнаа над 70 терористички цели во текот на изминатиот ден, вклучително складишта за оружје, локации во воената инфраструктура, терористи кои претставуваа закана за војниците на ИДФ и воените комплекси“, се наведува во соопштението на израелската армија./МИА

Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче

Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор. 

-Во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, се вели во информацијата од делчевската полиција.

Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

притисни ентер