Празнел автоматот за кафе и наеднаш вреснал од среќа- станал побогат за 15.000 долари

Сопственикот на автоматот во Западна Вирџинија, Келвин Вестфал (59), неодамна добил изненадување додека ги вадел парите од една од неговите машини.

Меѓу купот долари пронашол банкнота со необичен сериски број и решил да ја стави во џеб. Малку подоцна можело да остане без неа, но среќата била на негова страна.

Вестфал изјавил за локалните медиуми што се случило откако од машината извадил банкнота од 1 долар со сериски број G00000001I.

„Поседувам неколку машини и секогаш внимавам кога ги празнам. Ја ставив бакнотата во џеб, а малку подоцна еден пријател ме замоли да му го позајмам камионот. Се согласив и го замолив да наполни гориво. Ги извадив парите и сфатив што може да се случи“, рече тој.

Вестфал за малку ќе му ја подарел на својот пријател банкнота со необичен сериски број, за што сигурно би зажалил, пренесува Newsweek.

Решил да дознае повеќе и на интернет нашол многу информации. Тогаш сфатил колку навистина вреди банкнотата. Излегува дека уникатните сериски броеви на американската валута долго време ги фасцинирале колекционерите.

„Банкнотата од еден долар со ознака G00000001I може да биде исклучително вредна. Редок е број што започнува со повеќе нули. Кој знае, можеби колекционерите би платиле 15.000 долари за тоа“, изјави Сурил Арелано, еден од поранешните директори на IBM.

Вестфол признава дека не знае колку би можела да вреди банкнотата. За време на неговото истражување, тој открил дека слични примероци се продаваат за 25.000 долари (околу 24.000 евра).

Невеста го почестила младоженецот со секси танц во скут- снимката е хит (ВИДЕО)

Свадбите знаат да бидат возбудливи и луди, а тоа го покажува и видеото на невестата која решила да го почести својот новопечен сопруг со провокативен танц.

Натали направила момент за паметење, а видеото го објави со порака: „Кога ќе пиеш повеќе на својата свадба“.

Милиони корисници на TikTok го видоа моментот кога таа танцува во скутот на својот младоженец, а потоа се преврте наопаку, раширувајќи ги нозете во воздух, пренесува New York Post.

Снимката трае само шест секунди, додека во позадина се слуша песната на Лил Вејн „Lollipop“. Многу гледачи имаат различни мислења - некои ја поддржуваат, додека други мислат дека претерала.

@itsnatalierosee 🍹🤣 #weddingnight #funtimes ♬ Oh No No No - Music Falcon

„Родителите мора да се гордеат“, саркастично напишало едно лице, а друго продолжи: „Зарем луѓето немаат срам?“.

Гледачите кои беа воодушевени не штедеа зборови.

„Ако не го доживеам ова на свадба, не се женам“, рекол еден корисник, додека друг прогнозирал: „Ова ќе биде забавен брак“.

Земјата се отворила и „проголтала“ баба во Пенсилванија, тргнала да ја бара мачката

Полицијата во Пенсилванија се обидува да пронајде жена за која се верува дека паднала во дупка длабока 30 метри во земјата која можеби се отворила под нејзините нозе додека ја барала својата изгубена мачка.

Елизабет Полард (64) била пријавена за исчезната од членовите на семејството откако во понеделникот вечерта излегла да ја бара мачката и не се вратила, објави Вашингтон пост.

Полицајците кои први пристигнале на местото на настанот за малку ќе паднале во истата дупка, за која велат дека е поврзана со напуштен рудник за јаглен.

Микрофони и камери биле спуштени во дупката, а според официјалните лица, камерите снимиле нешто што изгледало како чевел. Автомобилот на Елизабет Полард вчера бил пронајден паркиран зад ресторан во градот Маргерит, 65 километри источно од Питсбург, а во него била нејзината петгодишна внука.

Полицаецот на државната полиција на Пенсилванија, Стивен Лимани, им изјавил на новинарите дека дупката била со големина на шаховска табла.

„Беше со големина на шаховска табла, но џебот одоздола е значително поголем. Не гледаме никаков доказ дека дупката била таму пред таа да одлучи да шета и да ја бара својата мачка“, рече тој.

Полицаецот додаде дека повеќе од 100 луѓе помагаат во потрагата по Елизабет Полард и дека на местото е ископана уште една дупка за да можат да пристапат до локацијата на која се верува дека таа паднала, а која може да биде нестабилна.

Грција во шок: Полицаец со години ги силувал децата и го принудувал синот на инцест- приведен е

Полицаец од Грција, кој е осомничен дека најмалку осум години физички и сексуално ја малтретирал сопругата полицајка и четирите нивни малолетни деца, во јавноста и на социјалните мрежи се претставувал како прекрасен татко и сопруг.

Полицаец од Грција, кој е осомничен дека најмалку осум години физички и сексуално ја малтретирал сопругата полицајка и четирите нивни малолетни деца, во јавноста и на социјалните мрежи се претставувал како прекрасен татко и сопруг, кој дома се претворал во монструм.

Сопругата, која исто така е полицајка, кон крајот на ноември го пријавила за насилство, а потоа открила дека осомничениот почнал да ги силува неговите три ќерки кога имале само пет години, а го принудил и синот на инцест. Во шокантното сведочење полицајката изјавила дека сопругот ја терал да се изживува над децата и со ќотек да им ги прави најгрозоморните работи, објави Катимерини.

Семејството живеело низ терор со години, а никој не се сомневал во тоа. Медиумите јавуваат дека осомничениот речиси редовно објавувал фотографии од децата на социјалните мрежи, со трогателни зборови како „семејство“, „среќа“, „уживање“... Објавувал фотографии од возења со мотоцикл, заедно со сопругата. .. Се чинело дека сè функционираше идилично... И тогаш на крајот на ноември се дознало какво чудовиште е.

Дотичниот полицаец бил распореден како обезбедување во собраниската зграда од 2019 година. Колегите верувале дека е семеен човек, добар сопруг и татко, иако слушнале дека има одредени психички проблеми, кои извесно време го спречувале да носи оружје... Тоа никој не го знаел од 2016 година, па сѐ до неговото апсење минатата недела , го изложил семејството на секојдневна тортура, психичко, физичко и сексуално насилство, поради што, се претпоставува, неговиот тогашен десетгодишен син, пред четири години, се обидел да се самоубие скокајќи од 3 кат од зградата.

Медиумите, повикувајќи се на извори, пишуваат дека полицајката се обидела да го пријави сопругот за насилство уште во 2016 година. Ова се случувало во момент кога тој бил во болница и животот му бил во опасност. Наводно на пријател му се доверила дека сопругот ја тепал неа и децата. Но, кога нејзиниот сопруг се опоравил, таа му се јавила на истиот пријател и го рекла следново: „Ако дознае дека сум го пријавила, ќе биде уште полошо. Ќе го осудат, а кога ќе излезе ќе ме убие“.

Насилството се влошуваше со текот на годините. Осомничениот почнал да ги силува своите ќерки кога имале само пет години, а потоа го принудил синот да ги напаѓа неговите сестри. Потоа со брутално насилство би ја принудил сопругата да се изживува врз децата. Секогаш кога ќе помислела да го пријави, тој ѝ се заканувал: „Само пробај, ќе одиш и ти во затвор, ти си мој соучесник“.

На 18 ноември, несреќната жена конечно собрала храброст и им кажала на колегите дека нејзиниот сопруг ја претепал. Истиот ден полицаецот бил уапсен додека бил на должност во Парламентот. Веќе следниот ден тој бил суспендиран, а на 20 ноември му е одреден притвор.

Но, тогаш полицаецот ѝ рекол на мајка си дека ќе се самоубие, поради што итно бил пренесен од притвор во психијатриското одделение на воената болница. Кога повторно се нашол „под клуч“, неговата сопруга повторно отишла во полиција и го раскажала целиот ужас што се случил зад затворени врати - дури и најстрашните детали за силување на децата.

Според портпаролот на полицијата, децата на распитот ги потврдиле сите изјави на мајката. Засега не се знае дали против неа ќе биде покрената постапка, со оглед на тоа што и таа учествувала во најбруталното малтретирање деца, а поради тоа што осум години ја криела тортурата низ која поминувале децата.

Според медиумите, осомничениот за време на рочиштето негирал сѐ. Додека трае истрагата, му е одредена мерка притвор. Засега не се знае дали тој ќе биде задржан во болница или префрлен во притвор.

притисни ентер