Правосудниот испит пак ќе се полага усмено и писмено пред стручна комисија

Воведување усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за процена на знаењето на кандидатите.

Воведување усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за процена на знаењето на кандидатите, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за правосудниот испит, што е ставен на Електронски Регистар на Прописи на Република Македонија (ЕНЕР).

Со ова, Министерството за правда ги почна измените и дополнувањата на Законот за правосудниот испит, со цел негово усогласување со Стратегијата за реформа на правосудниот сектор во однос на укинување на електронското полагање на стручните испити.

Во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор се истакнува дека стручните испити, како што се правосудниот, нотарскиот, извршителскиот, медијаторскиот …, се полагаат по електронски пат, што не дозволува соодветно оценување на квалитетот на лицата што полагаат.

– Општ заклучок на целокупната стручна јавност е дека испитот за влез во правничка професија, особено во областа на правосудниот сектор е недозволиво и сосема нецелисходно да се спроведува без кандидатот вербално да ги искаже своите знаења и да ги покаже своите говорнички вештини. Исто така, „студии на случај" од ниту една правна област не може да се решаваат на компјутер, се наведува во Стратегијата.

Во законските акти со кои се утврдува начинот на полагање и спроведување на овие испити, како што е посочено во Стратегијата, потребно е да бидат предвидени мерливи и објективни критериуми за процена на знањето на кандидатите.

При донесување на измените на Законот за правосудниот испит со кој се предвиде електронското полагање на правосудниот испит, реагираше и стручната јавност, за која, не беше прифатливо правосудниот испит да се полага електронски, бидејќи, како што посочуваат, преку правосудниот испит мора да се испита елоквентноста, начинот на изразување и затоа и мора да има устен дел. /МИА

Април возбудлив за играчите на ВЛТ

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите 46.238.549 денари

46.238.549 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија го исплати кон играчите на видеолотариските терминали за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ во април, оваа година.

Фантастични 46.238.549 денари легнаа на сметките на играчите на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ.

Април е месец на ВЛТ добивки. Овој месец Ј.М. од Битола на 15.04.2024 ја освои најпосакуваната добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, во вредност од 20.951.041 денари.

Во април имавме и 12 МИЛИОНЕР џекпот добивки. Играчите кои ги освоија, заедно поделија неверојатни 19.029.075 денари. Дополнително, во април играчите на ВЛТ освоија и 6.258.433 денари за МИНИ ЏЕКПОТ.

Само за потсетување, најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на сите времиња- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зоната на паѓање. Секој кој се забавува на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, има можност да ја освои оваа фантастична добивка. Највисокиот износ кој може да се освои со оваа добивка е 21 милион денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #СуперМилионерЏекпот #МилионерЏекпот

Одбележување на Денот на македонската полиција

 Централно одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај, со свеченост во паркот кај авиончето во општина Аеродром.

Најавени се обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како и присуство на претставници на дипломатскиот кор.

Во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција воведен е пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. До 18 часот затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер