Православните христијани денеска го празнуваат Успение на Пресвета Богородица

Мерење на температура, дезинфекција на рацете, па влез во дворот на манастирот Богородица на Матка.

Во манастирот според сите протоколи имаше посебен влез и излез од дворот. Верниците со маски во дворот на црквата се помолија за здравје на големиот христијански празник успение на пресвета Богородица. Неколку верници сепак се причестија по двенеделниот пост и покрај препораките да се внимава со Ковид 19, а дистанцата помеѓу не беше на задоволително ниво. Дел од верниците пред црквата велат дека можеби во иднина треба црквата да најде начин со посебни пластични лажички да ги причестува верниците.

Успение на пресвета Богородица настан кој две илјади години ја пренесува спасоносната порака. Црквата успението на божјата мајка не го гледа како тага, туку радост, момент на нејзино воскресние. Во манастирот утринска литургија, богато црковно пеење и молитви. Во посланието архиепископот Стефан раскажа како доцнењето на апостолот Тома да се прости со Марија е момент кога пристигнал на нејзиното почивалиште и видел дека ја нема. Момент кога радоста била поголема од тагата.

Пред малата вековна црква во ред еден по еден, влегуваа во малата црква да се поклонат пред иконата на мајката божја. Црквата постои од 14 век. Низ годините поминала многу премрежја била уривана, заборавена. Во 1497 година извесна Милица од овој крај ја затекнала црквата без покрив и ја доградила црквата. Верниците велат дека оваа црква им е матична, веруваат дека манастирите имаат посебна енергија и смирение на овој ден, без разлика од кој крај да се од Скопје тука доаѓаат.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер