Повик за цртање графити на фасадата на Домот на млади во Штип

 Штипскиот Дом на млади ќе ја враќа старата фасада со графити, што пред пет години беше префарбана во розова боја.

Директорот на Дом на млади-Штип, Горан Трајков, вели дека распишале конкрус, на кој млади уметници ќе се јават со идејни решенија, а проектот се реализира под наслов „Нашиот дом".

– Домот на млади распишува повик за избор на седум авторски цртежи. Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност. Идејата е во склоп на еден од најзначајните објекти, градот под Исарот, да се интегрира првата галерија на отворено, посветена на уличната уметност и графити културата. „Нашиот дом" е темата со која ќе го започнеме овој културен проект, вели Трајков.

Фасадaта сега е обоена во црна боја, на која уметниците ќе можат да ги реализираат своите дела. Трајков забележува дека покрај промоцијата на домашните уметници, пред јавноста ќе може да се претстават и уметници од останатите градови.

Секој заинтересиран може да учествува на конкурсот со една идејна скица-концепт, во категориите „Street art" или „Graffiti". Конкурсот е отворен до 30 март. Уметниците ќе работат на своите дела на фасадата од 10 до 28 мај, а на 1 јуни ќе се отвори галеријата во рамките на фестивалот „Сигнал".

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

притисни ентер