Повеќе од 60 отсто од отпадот завршува во океаните: Во тело на кит пронајдени 40 килограми пластика

Во телото на угинатиот китот пронајден на Филипините имало повеќе од 40 килограми пластика во стомакот, соопштиле истражувачите.

Од Природонаучниот музеј на Филипини изјавиле дека животното било преполно со пластика.

„Никогаш не сме виделе толку пластика во кит“ – напишале на својот профил на Фејсбук.

Во стомакот на китот биле пронајдени 16 кеси од ориз, како и други различни пластични кеси, пренесува „БиБиСи“.

Отфрлената пластична амбалажа е голем проблем во поедини земји на југоисточна Азија, вклучувајќи ги и Филипините.

Според извештајот на еколошката кампања за зачувување на океаните и Мекинси центарот за бизнис и животна средина, се проценува дека околу 60 отсто од отпадот на пластика од Кина, Индонезија, Филипини, Виетнам и Тајланд завршува во океаните.

Сиљановска Давкова ќе се сретне со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ќе има средба со шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.

Како што соопштија од претседателскиот кабинет, Сиљановска Давкована денеска ќе го прими и амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри.

Гир и Силвестри по претседателките избори и ја честитаа победата на Гордана Сиљановска-Давкова, а присуствуваа и на нејзината инаугурација во Собранието.

Гир во честитката до Сиљановска - Давкова искажа очекувања „за тесна соработка за европската иднина на земјата“.

Силвестри, пак, покрај неговата лична, ја пренесе и честитката од италијанскиот претседател Серџо Матарела, во која се истакнува „заедничкото членство во НАТО и интензивната соработка што ги обединува Италија и Македонија, како и надеж дека земјата ќе продолжи на својот пат кон пристапување во Европската унија со обновена посветеност од сите национални институции“.

Полицијата казни 173 возачи за брзо возење

Во рамки на вчерашната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 173 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 14 возачи управувале со возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.

ОД МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

Две први места за македонските пингпонгари на Конект Балканската лига

Македонските претставници освоија две први места на турнирот Конект Балканска лига одржан изминатиот викенд во Приштина. 

Моника Стајковска и Кристијан Каламадевски победија во категоријата У-15 екипно, додека , Стајковска беше прва во У-15 поединечно.

Пласман на другите македонски репрезентативци:

Екипно:

(У13) Мартин Ристески и Марковска Елена, 4. место;

(У11) Бојана Јовевска и Дарис Мемиќ, 3. место

Поединечно:

(У15)Кристијан Каламадевски - 3. место

(У13)Марковска Елена - 2. место

(У13) Мартин Ристески - 4. место

(У11) Бојана Јовевска - 2. место

(У11) Дарис Мемиќ – 4. место

Покрај македонските, на турнирот учествуваа и домашни натпреварувачи од Косово, како и пингпонгари од Црна Гора и Албанија.

притисни ентер