Повеќе од 230 полицајци биле на распит пред внатрешната контрола

Над 230 полицајци во текот на првите девет месеци биле цел на внатрешната контрола на МВР. 8 полицајци добиле кривични пријави од телото за контрола на полицајците, но и се уште е жива идејата да се формира независно граѓанско тело кое би контролирало дали полицајците ги злоупотребуваат своите пендреци и лисици.

Еден полицаец примил поткуп, друг мачел жена и сурово постапувал со неа додека ја возел во автомобил, трет е осомничен за кражба, а еден полицаец учествувал во тепачка и користел шипки и бејзбол палки. Ова се дел од 8-те полициски службеници кои добиле кривични пријави од своите колеги во внатрешната контрола на МВР.

Тројца од нив се отстранети од работа. Внатрешната контрола само во првите 9 месеци од 2013-та извршила вкупно 1.181 проверка на работата на полицајците, три четвртини се по пријава на граѓани, а над 300 проверки се извршени врз основа на допрен глас.

Надлежните сметаат дека ова е солиден резултат на внатрешната контрола, иако покрај парламентот и омбудсманот се уште е жива идејата да постои и 4-то тело за проверка на полицијата односно да се формира независно граѓанско тело. Јанкуловска вели дека сите добри предлози и искуства може да се применат.

Во Скопје заврши 4-тата регионална конференција на секторите за внатрешни контроли на која беа претставници од 12 полиции од земјите во регионот. Расправаа како да се зголеми интегритетот на полицајците, а со тоа да се намали нивната коруптивност и подложност на надворешни влијанија и притисоци.

На полноќ завршува кампањата за претседателските и парламентарните избори

Вечерва на полноќ настапува молкот за парламентарните и вториот круг од претседателските избори.

Утре гласа дијаспората, но само за претседателските избори, бидејќи нема доволен број пријавени за избор на пратеници, додека за избор на шеф за државата и за парламентарните избори гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови чиј што број според посебниот извод во Избирачкиот список изнесува 2140, како и лицата во установи за вон семејна грижа – 534 избирачи .

Во среда, на 8-ми мај, пак, во вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, најмногу поради граѓани кои стекнуваат полнолетство.

Гласањето ќе се одвива во 3480 избирачки места и почнува во 7 часот, а завршува во 19 часот. Од ДИК во изјава за Канал 5 велат дека се подготвени за изборниот процес, а проблемите кои се појавија во првиот круг со фингерпринт апаратите уверуваат дека се надминале.

„ ДИК преку своите изборни органи е целосно подготвена за спроведување на изборите за осми мај, сите проблеми кои што од технички аспект беа појавени од првиот круг од претседателските избори се надминуваа уште тогаш во од и очекуваме дека сега нема да се соочуваме со такви проблеми нормално доклку истите се појават преку совите стручни лица ДИК е подготвена да одвговори и на тие предизвици. “-Радица Тодоровска Алексовска - портпаролка на Државната изборна комисија.

Како што претходно одлучи ДИК, секој гласач на осми мај ќе може само еднаш да оди на избирачкото место каде од членовите на избирачкиот одбор за биометриска идентификација ќе биде прашан за кој вид на избори сакаат да гласаат односно, дали ќе гласа само за претседателските, само парламентарните или и за двата вида избори.

„ Бидејќи ќе нема право по втор пат да се врати гласачот ќе мора на лице место да одлучи за кој тип на избори ќе сака да гласа. “-Радица Тодоровска Алексовска - портпаролка на Државната изборна комисија.

За шеф на државата во вториот круг ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале доколку гласале повеќе од 40 проценти од избирачите, односно 725.727 гласачи.. Доколку потребниот цензус не се постигне, се повторува целата изборна постапка.

Лопетеги ќе го преземе Вест Хем, Баерн беше заинтересиран за тренерот

Шпанскиот фудбалски стручњак Хулен Лопетеги ќе го преземе Вест Хем.

Информацијата за преземањето Лопетеги на тренерската функција на „чеканите“ од следната сезона, објави новинарот на „Гардијан“, Џејкоб Стајнберг. Според него страните постигнаа договор, останува само да се потпише договорот.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани Лопетеги, но самиот тренер повеќе сакал да работи во Англија.

Вест Хем по 36. кола од тековната сезона во Премиер лигата освои 49 бодови и се наоѓа на 9. место во поредокот.

Сегашниот тренер на премиерлигашот од Лондон, Дејвид Мојс ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Мисајловски: Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање

Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за една голема и историска победа.

Благодарам за можноста да се обратам. Стигна и последниот ден од кампањата и навистина ми е драго за цела ова кампања што добивавме поддршка од сите страни.

Една преубава позитивна кампања каде што, навистина, во првиот круг на 24 направивме една голема историја. Но, за таа историска победа биде уште поголема, сакам да ве поканам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Да даде поддршка на Гордана Силјановска Давкова, но исто така и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за една историска, огромна победа.

Победа за сите граѓани, победа за поголеми пензии и плати, поголеми проекти, односно проекти насекаде во сите општини. Да имаме една значајна победа, бидејќи секој од вас заслужува Македонија повторно да биде Горда и Македонија повторно да биде на секој еден од вас.

Затоа, сакам уште еднаш да се заблагодарам за овие стотици и стотици средби што ги имав изминатиот период заедно со кандидатите за пратеници во сите населени места каде што добивме огромна поддршка од сите вас и имавме преубав прием.

Но, уште еднаш сакам да ве повикам сите, да ставиме печат на оваа историска победа, да се мобилизираме сите заеднички, да излеземе на 8 мај за да направиме, навистина еден голем резултат и еден ветер во грб каде што ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе направи историски проекти, ќе направи историски реформи.

Уште еднаш благодарност за сите во оваа кампања што ни дадовте максимална поддршка и сакам на сите да го честитам големиот празник Велигден и да посакам мир, спокој и среќа на сите граѓани во Македонија.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер