Потпишан Договор за заеднички контроли на ГП Табановце-Прешево

Договорот во името на двете влади во Белград го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Со денешното потпишување на Договорот меѓу Владите на Македонија и Србија за заедничка контрола за меѓународен патен сообраќај на граничниот премин Табановце-Прешево, патниците и превозниците од 1 август ќе имаат полесен и побрз проток од едната во другата држава, со само едно запирање и една зедничка контрола.

Договорот во името на двете влади во Белград го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

– „Оne stop control“ е новост, има историско заначење и голема важност за Македонија бидејќи првпат се потпишува ваков договор со државите од соседството, изјави министерот Спасовски по потпишувањето на Договорот.

Важноста на овој договор е голема бидејќи, како што рече, ќе овозможи побрз проток на луѓе и на стоки меѓу Македонија и Србија на оваа граница. Ова ќе помогне и на граѓаните и на стопанството, што е важно за да имаме подобар животен стандард и во двете држави.

Срспкиот министер Стефановиќ изјави дека со договорот за Оne stop control на поинаков начин ќе се регулира ГП Прешево-Табановце.

– Овој премин ќе овозможи преку поинаквата регулација да имаме побрз проток на луѓе, патници и стоки, сето она што овозможува граѓаните на нашите две земји, но и оние кои транзитираат, полесно, поефикасно, побргу и поекономично да дојдат до своите одредишта, што ќе помогне и на стопанството и на економиите на нашите земји, побргу да се развиваат, изјави Стефановиќ.

Догоговорот, кој и двајцата министри го означија како нов импулс во односите и на пријателството меѓу двете држави, ќе стапи на сила на 1 август, по нов режим, по спроведувањето на потребните процедури, потпишувањето на протоколите меѓу царините на двете држави и двете министерства за внатрешни работи.

На средбата е разговарано и за отпочнување постапка за отворање нов граничен премин Лојане –Миратовце, за подобра комуникација на локалното населеление, како и за заедничката борба против корупцијата и криминалот, за размена на информации со фокусот на борбата против наркотици и за заедничката заштита на границата против илегалните миграции./МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер