На жената не и дозволил да излезе од станот, ја давел, но таа нашла начин да ја повика полицијата.
Според „Денвер пост“ кој се повикува на извештајот на полицијата Страхиња Јокиќ е уапсен во Денвер поради сомнение дека нападнал, турнал и давел жена.
Страхиња бил во станот со една жена, таа во еден момент сакала да го напушти апартманот, но тој грубо ја задржал и не и дозволил да замине, се наведува во документот од полицијата во кои медиумите имале увид.
Тогаш жената излегла на балкон и почнала да бара помош, но постариот Јокиќ грубо ја повлекол и почнал да ја дави. Наводно и рекол дека „ќе ја дави се додека не заспие“.
Жената потоа се обидела да повика полиција, но Страхиња и го одзел телефонот. Сепак упорната жена успеала да испрати порака од компјутер до еден свој пријател кој веднаш ја алармирал полицијата. Полицијата пристигнала и го уапсила Страхиња Јокиќ.
-Канцеларијата на окружниот обвинител во Денвер го прифатила обвинението за овој напад, изјавила за медиумите портпаролката на обвинителството Каролин Тејлор, пренесуваат српските медиуми.
Постариот брат на НБА ѕвездата на Денвер Никола Јокиќ, Страхиља заврши во затвор
Братот на најдобриот НБА центар Никола Јокиќ, 37- годишниот Страхиња е притворен поради напад на жена. На жената не и дозволил да излезе од станот, ја давел, но таа нашла начин да ја повика полицијата.