Последниот американски авион го напушти Кабул, заврши 20-годишната војна

Последниот американски авион го напушти Авганистан, пренесува Си -ен -ен, повикувајќи се на Пентагон.

Со ова заврши американското повлекување и 20-годишната американска интервенција во Авганистан. Тоа е и најдолгата војна во историјата на САД.

Кенет Мекензи, американски генерал, објави дека американските сили се повлекоа целосно вечерва (рано наутро по локално авганистанско време).

„Тука сум да објавам дека нашето повлекување од Авганистан е завршено и дека мисијата за евакуација на американските државјани, државјани на трети земји и Авганистанци кои се во опасност е завршена“, рече тој.

„Последниот Ц-17 полета од пистата на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во 3 часот и 29 минути по локално време на источниот брег на Соединетите држави (рано вторник наутро по локално време во Кабул).

Ова е првпат по 20 години САД и нивните сојузници да немаат војници во Авганистан. И тоа откако Американците потрошија два трилиони долари за зајакнување на авганистанската влада и армијата, која се распадна за десет дена пред талибанците. За 20 години, повеќе од 2.000 американски војници загинаа во Авганистан.

Во молскавичен напредок, талибанците го освоија поголемиот дел од Авганистан во текот на август, вклучувајќи го и Кабул. Оттогаш, имаше повлекување на американските сили што на моменти изгледаа хаотично. Аеродромот, кој остана последна зона под контрола на САД, стана место каде десетици илјади Авганистанци побараа засолниште од талибанските власти.

Повлекувањето на Американците речиси се совпаѓа со 20 -годишнината од терористичкиот напад врз СТЦ. По најлошиот терористички напад на територијата на САД, започна американската борба против тероризмот. Авганистан, управуван од талибанците, му даде засолниште на Осама бин Ладен. Тоа беше почеток на 20-годишна интервенција, воена и политичка.

20 години подоцна, Американците се повлекуваат и талибанците повторно се на власт.

Принцот Вилијам е снимен на натпревар, фановите му се налутија (ФОТО)

Принцот Вилијам е снимен како ентузијастички навива за Астон Вила на првиот полуфинален натпревар во Лигата на Европа на УЕФА.

Натпреварот се одигра истиот ден кога принцезата Шарлот го прослави својот 9-ти роденден, а многумина го критикуваа Вилијам што не ја одвел неговата ќерка на натпреварот, која е голем љубител на спортот.

Имено, во април Вилијам беше снимен на натпревар, во првото појавување во јавноста откако се дозна дека Кејт има рак. Потоа на натпревар го однел синот Џорџ и биле снимени како навиваат заедно, а фановите збеснале што сега не ја одвел Шарлот, особено поради тешките моменти низ кои минува кралското семејство.

Инаку, на роденденот на принцезата традиционално е објавена нејзина фотографија направена од Кејт, а еден бизарен детал им падна во очи на многумина.

Испечатени се гласачките ливчиња за двојните избори на 8 мај

Се дистрибуираат гласачките ливчиња низ избирачките места во Македонија за претстојните парламентарни и претседателски избори, закажани за 8 мај, објавува МИА според информации од Државната изборна комисија.

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуира избирачкиот материјал низ цела држава, а од ДИК очекуваат дека дистрибуцијата ќе биде комплетна до крајот на денот.

„Екипите се на терен, вкупно треба да бидат дистрибуирани околу 3.600.000 гласачки ливчиња. Досега, не се евидентирани никакви проблеми при дистрибуцијата на избирачкиот материјал, велат од ДИК...

Драма на лет за Франкфурт- 70 патници наеднаш почнале да повраќаат, ги чекала Итна помош

На аеродромот во Франкфурт имало голема спасувачка операција поради летот на Кондор DE2315 од Маурициус до Франкфурт.

За време на летот, 70 од 290 патници ненадејно пријавиле симптоми како гадење и повраќање, пренесува магазинот Феникс.

По слетувањето во Франкфурт во четвртокот околу 17:30 часот, авионот го пречекале голем број возила за итна помош. Дури и била побарана помош од градот и локалната област.

Портпаролката на Кондор го потврди инцидентот и рече дека екипажот не бил погоден.

„Екипажот е едуциран и обучен за вакви посебни ситуации. По внимателно испитување на целата ситуација, летот продолжи, а авионот безбедно слета во Франкфурт, каде медицинските експерти беа достапни да се грижат за погодените патници“.

Но, зошто 70 луѓе се разболеле одеднаш? Дали се работело за храна?

„Кондор веќе започна истрага за случајот со цел да се открие причината и да се извлечат можни мерки од тоа“, продолжи портпаролката.

„Кондор тесно соработува со сите одговорни партнери и власти. Во моментов нема достапни резултати. Не сакаме да шпекулираме за причината, на пример поединечните менија што беа понудени во авионот, а кои беа подготвени во Маурициус“.

притисни ентер