Пошта тоне во милионски загуби–поранешната дикекторка Абази си ја зголемила платата за 50%

Иако Македонска пошта седум години континуирано тоне во загуби,отстапува од европските стандарди и има еден куп кредити лани во септември додека со акционерското друштво управуваше Бујаре Абази платите на менаџерскиот тим се зголемиле двојно.

Иако Македонска пошта седум години континуирано тоне во загуби,отстапува од европските стандарди и има еден куп кредити лани во септември додека со акционерското друштво управуваше Бујаре Абази платите на менаџерскиот тим се зголемиле двојно, односно од 42 до 58%, спротивно на Законот за трговски друштва. Ова се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија, кој укажува дека континуираните загуби негативно се одразуваат на работата на „Пошта“ и се доведува во прашање ефикасното, трајното, уредно и квалитетно вршење на дејноста.

„Пошта“ се наоѓа во неповолна финансиска положба почнувајќи од 2017 година, при што во континуитет остварува загуби од работењето, а најголема загуба во износ од над 229 милиони денари или над 3,7 милиони евра е забележана во 2022 година. – стои во извештајот на ДЗР.

Од друга страна расте незадоволството и кај граѓаните и кај фирмите поради ненавременото доставување на пратки. Само 59,7% од пратките биле доставени навремено, додека 30,5% биле доставени во период подолг од три дена, што е отстапување од стандардите на Светскиот поштенски сојуз.

Меѓудругото утведено било дека друштвото има склучено договори со 276 пошторазнесувачи, но дел од нив, наместо за договорените услуги, ангажирани се за извршување на други административни задачи ...

Актуелниот директор на пошти Орхан Куртиши изјави дека кога стапил на функцијата во август годинава имало над 600 илјади пратки кои биле во застој, но сега вели проблемот бил надминат.. Куртиши гледа оправданост во зголемениот процент на платата, бидејќи тие имале најниски плати споредено со директорите во другите институции.

„ Ние како институциија сме како директори имаме најмала плата од сите директори на други институции . тука во новиот менаџерски договор го извадивме и делот на опремннина што поранешните го користеле и се уште водат процедура за да земат средства Прилично платата на еден директор се движи како поранешните пред да се покачува 78 посто, се движуи околу 80 илјади плус минус а просечната плата се движи околу 35-35 илјади а минималната веќе ја знаеме“-Орхан Куртиши – Директор на АД Пошти .

Куртиши проблемот со состојбите во пошта го гледа во лошото менаџирање и организација, поради што веќе се подготвува нова систематизација, според која бројот на над 700 луѓе вработени администацијата ќе се намалува преку прераспределба во технолошкиот процес.

Најомразениот актер во Холивуд- ја оставил сопругата кога родила болно дете

Актерот Крис Прат и неговата сопруга, писателката Кетрин Шварценегер, ќерка на славниот Арнолд Шварценегер, имаат син по име Форд Фицџералд Шварценегер Прат.

Оваа среќна вест тие ја споделија со своите следбеници на „Инстаграм“. Парот веќе има две ќерки, а Крис е татко на 12-годишниот син Џек, кој го добил со поранешната сопруга Ана Фарис, позната по улогата во серијата „Dark Movie“.

Многумина ја искористија оваа добра вест како повод да потсетат на фактот дека Крис Прат долго време е најомразениот холивудски татко.

Џек бил роден предвреме, девет недели пред терминот, тежок само 1,7 килограми и со бројни здравствени компликации. Тој бил подложен на неколку операции и продолжува да се соочува со проблеми со видот и срцето. Кога дојде разводот, Крис Прат често истакнувал дека се чувствува како жртва на ситуацијата, тврдејќи дека сè уште ја сакал Ана. Меѓутоа, во исто време, тој започнал врска со Кетрин, што предизвика дополнителни контроверзии, особено што се венчаа само пет месеци по разводот.

Нивната приказна беше дополнителен извор на шпекулации, имајќи предвид дека за време на разводот постоеше перцепција дека Крис е всушност тој што го „уништил“ бракот. Многумина беа лути што како една од причините за разводот се споменува фактот што не може да се помири со здравствената состојба на синот. После тоа, Ана Фарис се повлече од Холивуд за да се посвети на грижата за Џек, додека Крис продолжи да гради нова врска и семејство.

Кога во 2021 година на социјалните мрежи искажа благодарност на својата нова партнерка, кажувајќи како му обезбедила „неверојатен живот и здрава ќерка“, многумина тоа го протолкуваа како навреда за Ана и нивниот син Џек. Неговата изјава беше сфатена како алузија на здравствените проблеми кои ги има Џек, а не изостанаа бројните критики. Коментарите вклучуваа остри осуди за неговото однесување, со мислење дека тоа покажува недостаток на сочувство за маката на неговиот син.

„Синот на Крис Прат и Ана Фарис од раѓање имаше сериозни здравствени проблеми, а сега се фали дека има здрави деца, како тука да не е вклучен неговиот син“, напишаа дел од корисниците на социјалните мрежи, додека многумина го изразија своето незадоволство од неговите постапки.

28- годишниот Анас Саид планирал терористички напад во САД, сакал да ја повтори 2001.

ФБИ го уапсиле 28-годишниот Анас Саид од Тексас, кој е осомничен дека ја поддржувал ИСИС и планирал терористички напад во Америка како на 11 септември 2001 година, кога на американско тло беше извршен еден од најголемите напади на сите времиња.

Специјалниот агент на ФБИ Даглас Вилијамс рече: „Денес е голем ден. Успеавме сомнителен терорист да тргнеме од улиците на Хјустон“.

Саид наводно го планирал нападот од неговиот стан во Хјустон, а особено истражувал како да изврши терористички напад врз локални воени центри за регрутирање. Тоа ја потврдил сериозноста на неговите намери и потенцијалната опасност што ја претставува, објави Фокс Њуз.

Во соопштението од канцеларијата на ФБИ во Хјустон се нагласува успехот на операцијата.

- Запревме потенцијален терористички напад да се случи овде во Хјустон. Секој ден можеме да кажеме дека е добар ден. Ова апсење е важен чекор за одржување на безбедноста и мирот во заедницата.

Терористичкиот напад на кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк и на зградата на Пентагон на 11 септември, според официјалните извештаи, го извршиле припадници на Ал Каеда во киднапирани патнички авиони. Деветнаесет членови на Ал Каеда упаднаа во кабините на четири патнички авиони и користејќи хартиени ножеви како оружје и ја презедоа контролата.

Трет авион киднапиран над Охајо се урна на западната страна на Пентагон, предизвикувајќи уривање на зградата. Четвртиот авион се упатил кон Вашингтон, но се урнал во поле во Пенсилванија откако патниците влегле во кабината и се бореле со киднаперите за преземање контрола.

Израелко- палестинска „војна“ во Париз, на натпреварот е и Макрон (ВИДЕО)

Франција и Израел вечерва на „Стад де Франс“ го играат натпреварот од 5. коло во Лигата на нации, а трибините на стадионот во Париз се полупразни поради францускиот протест против Израел.

Мнозинството Французи не сакале да дојдат на натпреварот во знак на протест што нивната репрезентација го пречека Израел на домашен терен. Малиот број навивачи собрани на трибините решија да ги нападнат Израелците.

Во текот на натпреварот Французите ги нападнаа израелските навивачи и на една од трибините настана тепачка. Инциденти имаше и пред самиот натпревар, додека пропалестинските активисти се обидоа да ги нападнат Израелците, но сѐ остана „само“ на нивна пресметка со полицијата.

Икс е полн со постови од француски навивачи кои велат дека е срамота што натпреварот со Израел се игра во Париз додека израелската армија врши геноцид во Газа. Присутните навивачи ја исвиркуваа химната на Израел пред почетокот на натпреварот.

Да потсетиме, неодамна имаше конфликт на улиците на Амстердам каде Макаби од Тел Авив гостуваше кај Ајакс. Марокански навивачи претепаа голем број израелски навивачи поради провокации на сметка на настаните во Газа.

притисни ентер