Порше го најави 911 Дакар, возило за сите терени (ФОТО)

Porsche потврди дека теренската верзија на 911 ќе го носи името Дакар.

Дакар станува синоним за најекстремното Порше за сите терени.

„Веруваме дека речиси и да нема друга автомобилска марка која може толку веродостојно да ги комбинира карактеристиките на спортски автомобил и возењето надвор од патот како Порше“, рече извршниот директор на Порше, Мајкл Мауер пред десет години, при претставувањето на концептот Vision Safari, кој се обиде да го оживее иконското 911 Safari од легендарните трки низ африканскиот континент долги 5000 km.

Денес, десет години подоцна, време е за ново име и стара идеја. 911 Дакар ќе биде незапирлив на теренот, а доаѓа како докажан производ со повеќе од половина милион тест километри зад себе. Дури 10.000 км од овој автомобил биле изведени на терен, а во тестирањето помогнал легендарниот возач Валтер Рорл.

Покрај полигоните за тестирање, Дакар бил подложен на ригорозни тестирања возејќи низ суровиот песочен пејзаж на Мароко и Дубаи со температури над 45 степени. Тој се искачил на дините и возел низ пејзажот покриен со мраз за да пристигне на сцената со совршено дотерани поставки.

Не знаеме дали овој вид на Porsche може да се натпреварува со претстојниот Lamborghini Huracan Sterrato, но знаеме дека ова е само почеток на развојот на некои нови 911, вклучувајќи го и хибридниот. По 2030 година, 911 треба да заживее како електричен модел, но тоа е друга приказна, тешко сварлива во денешен контекст.

Белгискиот Универзитет во Гент ја прекина соработката со три израелски институции

Белгискиот Универзитет во Гент (UGent) ги прекинува врските со три израелски образовни и истражувачки институции поради тоа што повеќе не се усогласени со политиката за човекови права на Универзитетот, изјави ректорот Рик Ван де Вале.

- Прекинати се врските со Технолошкиот институт Холон, Истражувачкиот институт МИГАЛ Галилеја и Центарот Волкани, што врши земјоделски истражувања. Во моментов ги оценуваме тие три партнери како (многу) проблематични според тестот за човекови права на Универзитетот во Гент, за разлика од позитивната оценка што ја дадовме на овие партнери на почетокот на нашата соработка, посочи Ван де Вале.

Тој додаде дека соработката е прекината поради поврзаност со израелските министерства и поддршката на армијата во операциите во Појасот Газа.

Пропалестински демонстранти во Гент протестираа против израелската воена офанзива во Газа и окупираа делови од Универзитетот од почетокот на мај.

Демонстрантите ја поздравија одлуката на Универзитетот во Гент, но ја оценија само како прв чекор. Тие најавија дека ќе продолжат со блокада на делови од образовната институција „додека Универзитет не ги прекине врските со сите израелски институции“. /МИА

Фото: Фејсбук на Гент

Одбележани 81 година од смртта на првоборецот Иљо Антески Смок во Тетово

Во Тетово денеска се одбележаа 81 година од смртаа на првоборецот Иљо Антески-Смок. Одбележувањето се одржи пред неговиот споменик во населбата Два бреста каде повеќе делегации положија букети цвеќе, а беше одржан и историски час за негово дело и лик

-Иљо Антески Смок загина на неполни 24 години и немаше можност и среќа да ја почувствува и да ја дочека слободата во која толку многу веруваше. Тој како член на Мавровско-гостиварскиот одред во април 1943 во битката кај Ново Село, Гостиварско бил заробен заедно со 12 други соборци од балистичките одреди кои служеле на италијанскиот окупатор. Подоцна фашистите го осудуваат на смрт, а на денешен датум 17 мај во 1943 година Иљо е обесен. При бесењето извикува „Смрт на фашизмот-слобода на народот“ и самиот го поттурнува столчето за да биде обесен, беше истакнато во пригодниот реферат од наставникот по историја, Љубиша Марковиќ.

Во Тирана покрај Иљо Антески Смок, италијанските фашисти осудиле на смрт и обесиле уште петмина други негови соборци Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Христо Оџаклиески, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски. /МИА

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина.

„Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот Зенески како единствена мировна формула која треба да се разгледа и поддржи. Тоа за нас е неприфатливо. И други направија мировни планови што не полоши“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Тој изјави дека ставил вето на резолуцијата бидејќи бил одбиен неговиот предлог во неа да се вклучат и други мировни планови. /МИА

притисни ентер