Порано трошеше милиони месечно, а денес банкрот

Американската богаташка Џослин Вилденштајн, во јавноста позната по својата зависност од пластичната хирургија, неодамна поднела документи за прогласување банкрот.

Вилденштајн, која од разводот од својот сопруг Алек Вилденштајн, трговец со уметнички дела, добил две и пол милијарди долари, во еден момент трошела и по милион долари месечно на авиони, патувања и купување на егзотични животни како тигри, пишува „Ванити фер“.

Иако на својата банковна сметка во моментов нема ништо, Вилденштајн наведува дека поседува три апартмани на 51 кат во Кулата на Трамп на Менхетен, вредни 11, 75 милиони долари (за одржување на комплексот должи 4.6 милиони долари), Бентли од 2006 година вредно 35.000 долари (за одржување должи 38.000 долари) и предмети во вредност од 100.000 долари кои се наоѓаат во едно складиште. На компанијата која го издава тој простор и должи 700.000 долари.

Вилденштајн исто така должи 273.000 долари на бројни правни фирми, 175.000 долари на своите кредитори и 165.000 долари на сопственикот на недвижности за издавање на Беверли Хилс.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер