Поранешниот претседател Иванов стана почесен доктор на науки на Универзитетот Тракија во Едрене

Поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов ја доби титулата почесен доктор на науки на Универзитетот Тракија во Едрене, Република Турција. 

Церемонијата на доделување на титулата, во рамки на дводневната посета на Иванов на градот Едрене, на покана на универзитетот по повод Одлуката на Сенатот на Универзитетот Тракија за доделување на титулата почесен доктор на науки, се одржала во присуство на голем број високи гости од Република Турција.

Ректорот на Универзитетот Тракија, проф. д-р Ерхан Табакоглу, во присуство на членовите на Сенатот, професори и студенти, соопштија денеска од кабинетот на Иванов, ја предводел свечената церемонија на која присуствувале високи претставници на локалната власт на Едрене, академици, професори од другите универзитети во регионот, како и Гувернерот на Едрене, Јунус Сезер, претставникот на МНР на Турција за Едрене, Амбасадорот Мурат Ахмет Јорук, и почесниот конзул на Република Македонија во Едрене, Есер Џевахир.

По свеченото врачување на почесниот докторат на науки, честитајќи го едновековниот јубилеј на турската република и заблагодарувајќи се до Универзитетот Тракија за високата укажа чест, поранешниот претседател Иванов одржал предавање на темата „Османлискиот модел на соживот меѓу Муслиманите, Христијаните и Евреите“ и предизвикал голем интерес кај присутните гости, професори и студенти на Универзитетот Тракија.

- Инспириран од актуелните настани кои предизвикуваат огромна загриженост и страв за иднината кај сите нас - војните и конфликтите на Блискиот и Централниот Исток, војната меѓу Израел и Хамас во областа Газа, војната во Украина, заканите за мирот во Централна Африка, претседателот Иванов, осврнувајќи се на војните и конфликтите низ историјата, зборуваше дека таквите настани во светот секогаш ја отвораат темата за суштината на секоја војна и можноста од мировни решенија на конфликтите, се наведува во соопштението од кабинетот на Иванов.

За време на посетата на Едрене, покрај средбите со раководството на Универзитетот Тракија и разгледувањето на универзитетскиот кампус, остварил средба со студентите од Република Македонија кои студираат на различни факултети во рамките на овој универзитетот и со проф. д-р Џунеис Нурески од Република Македонија, кој предава на овој универзитет. Исто така, тој остварил и одделни средби и со Валијата, односно Гувернерот на Едрене, Јунус Сезан, а го посетил и Почесниот конзулат на Република Македонија во Едрене, каде имаше прилика за срдечна и пријателска средба со почесниот конзул, Есер Џевахир.

Скандал на свадба: Невеста избега од олтарот, откако ѝ шепнаа нешто (ВИДЕО)

Свадбите секогаш будат силни емоции, а кај невестата и младоженецот тоа особено се истакнува кога ќе дојдат на свадбениот олтар.

Често се случува да се запрашаат дали донеле правилна одлука, објави Курир.

Меѓутоа, една невеста не се сомневала и побегнала непосредно пред да го каже судбоносното да на својот избраник. Овој момент го уловија и камерите, а сѐ заврши на интернет.

@fashionpulis Video courtesy of @Sam YG #biggestweddingoftheyear #FashionPULIS #blinditem #labubu #dimond #diamonds #billionaire #traveltiktok #philippinestiktok #tiktokphilippines🇵🇭 #kimsdiary #ifern #richardmille #rolex #audemarspiguet ♬ original sound - Fashion PULIS

Сè изгледа идилично, младоженецот и невестата застанаа еден до друг, се гледаа заљубено и беа подготвени да ги кажат своите завети. Меѓутоа, во еден момент на невестата ѝ пришла девојка, веројатно нејзината кума и нешто ѝ шепнала. Следуваше драма. Невестата бесно истрчала од салата и никој не можел да ја стигне.

Таа само го погледна младоженецот, му го даде бидермаерот и исчезна во солзи.

Судејќи по коментарите под видеото, станува збор за наводна реклама, некои велат дека сѐ е инсценирано, а има и такви кои напишале дека биле во слична ситуација или дека виделе како невестата или младоженецот се предомислиле на последен момент.

Претседателот на Кина повторно предупредува: Никој не може да го запре обединувањето со Тајван

На последниот ден од 2024 година, кинескиот претседател Си Џинпинг уште еднаш предупреди дека „никој не може да го спречи повторното обединување на Кина со Тајван“.

Во својот новогодишен говор, Си Џинпинг испрати јасна порака до сите кои се борат за независност на Тајван на и надвор од островот со 23 милиони жители, кој официјален Пекинг го смета за дел од својата територија, објави Ројтерс.

Во текот на изминатата година, Пекинг го засили воениот притисок во близина на Тајван, испраќајќи воени бродови и авиони во водите и воздушниот простор околу островот речиси секојдневно, во она што тајванските власти го гледаат како постепен обид за „нормализирање“ на военото присуство на Кина.

Кина го смета Тајван, каде владее западна форма на демократија, за своја територија. Сепак, тајванската влада ги отфрла тврдењата на Пекинг и посочува дека само народот на Тајван може да одлучи за нивната иднина и дека Пекинг мора да го почитува нивниот избор.

„Луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец се едно семејство. Никој не може да ги раскине нашите семејни врски и никој не може да го запре историскиот тренд на национално обединување“, рече Си Џинпинг во говорот што го емитуваше кинеската државна телевизија CCTV.

Во минатогодишниот новогодишен говор, кинескиот претседател изјави дека „повторното обединување“ на Кина со Тајван е неизбежно и дека луѓето од двете страни треба да бидат обединети со заедничка цел и да ја споделат славата на обновувањето на кинеската нација.

Тензиите во регионот се зголемија откако Лаи Чинг-те, кого Пекинг го смета за сепаратист, стана нов претседател на Тајван во мај.

На почетокот на овој месец, Кина воведе поморска блокада на Тајван, откако Лаи застана на Хаваите и американската островска територија Гуам за време на турнејата во Пацификот што Пекинг силно ја критикуваше.

Кина, која никогаш не ја отфрли можноста за употреба на сила за да го стави Тајван под своја контрола, одржа две рунди воени вежби околу островот оваа година, велејќи дека тие се предупредување против „сепаратистичките потези“ и вети дека ќе преземе дополнителни чекори доколку е потребно.

Се ожени братот на Анџелина Џоли, актерката не дојде на свадбата (ВИДЕО)

Братот на Анџелина Џоли, Џејмс Хевен, во тајност се ожени со Роми Ибели, ѕвезда на американското реално шоу The Real L Word.

Роми ја откри веста објавувајќи фотографии и видеа од венчавката која се одржала на 12 август во Калифорнија.

„Во 2024 година се омажив за мојот најдобар пријател, со кого сум 23 години. Деталите за нашата приказна се премногу лични и комплицирани за да ги споделам сега, но сите ги пишувам во мојата книга. Денот на нашата венчавка беше интимен, само ние и нашите родители додека си разменивме завети, планираме поголема прослава подоцна“, напиша таа.

Потоа открила дека ден по венчавката се степале и по пет месеци плачење, помирување и размислување решиле да си ги решат проблемите.

„Се чувствувам подготвена да се вратам кај мојот сопруг и нашиот дом во Лос Анџелес. Сè што се случи во последните неколку месеци беше дел од поголем план. Секогаш ќе ја чувам 2024 година длабоко во моето срце. Животот е премногу краток. Живејте го “, напиша таа.

Се сети на нејзиниот покоен татко. "Верувам дека нѐ гледа од небото и ни се смешка. Џејми ме запроси на гробот на татко ми", додала таа.

Анџелина Џоли не беше присутна на свадбата на нејзиниот брат.

Иако порано привлекуваа големо внимание, особено поради нивниот бакнеж на Оскарите во 2000 година, Џејмс и Анџелина веќе не се толку блиски.

"Анџелина и Џејмс целосно се оддалечија. Тие беа неразделни и најдобри пријатели. Тој ѝ помагаше да ги воспитува децата и секогаш посветуваше многу време на семејството. Одеднаш, без посебна причина, престанаа да зборуваат и се оддалечија. Само тие знаат што навистина се случи“, изјави претходно извор близок до Анџелина.

Анџелина го донесе својот брат на Оскарите. Најголем шок доживеа на забавата на Vanity Fair која се одржа по доделувањето, каде Анџелина страсно го бакнуваше својот брат во уста, што камерите го уловија и го снимија за сите времиња. Но, тоа не беше прв пат да бидат снимени како разменуваат нежности на јавен настан, бидејќи слично се забавуваа на доделувањето на наградите Златен глобус претходно истата година.

"Тоа не беше француски бакнеж. Тоа беше нешто едноставно и убаво. Енџи требаше да замине во Мексико за да го заврши снимањето на Оригиналниот грев со Антонио Бандерас. Ѝ честитав на нејзиниот Оскар и ѝ дадов брз бакнеж во уста и од тоа стана голема работа“, изјави Џејмс за Daily Mail во 2007 година.

притисни ентер