Поранешниот каталонски премиер ја напушти Сардинија, се враќа следната недела на суд

Сепаратистичкиот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон ја напушти Сардинија, изјави неговиот адвокат Агостинаџело Марас, неколку дена откако Пуџдемонт беше кратко приведен, што предизвика помал дипломатски спор.

Каталонскиот лидер бил уапсен од италијанската погранична полиција на аеродромот Алгеро, откако во четвртокот вечерта пристигнал на Сардинија, што ги разгневи каталонските сепаратисти и стотици од нив во петокот протестираа пред италијанскиот конзулат во Барселона.

Поранешниот претседател на Каталонија тогаш беше пуштен од затвор, а денеска ја напушти Италија, до следното рочиште на 4 октомври.

Имено, италијанското правосудство допрва треба да одлучи за шпанското барање за екстрадиција во Мадрид, кој сака да му суди за обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Пуџдемон, член на Европскиот парламент, рече претходно дека ќе дојде на седниците на ЕП во Брисел со авион и дека следниот понеделник ќе се врати во Сардинија за да присуствува на рочиштето во Апелациониот суд.

Судијката во Сардинија го ослободи со образложение дека не претставувал безбедносен ризик и дека не постои ризик од бегство, свикувајќи рочиште за една недела. Таа нагласила дека неговото апсење на аеродромот Алгера било легално.

На следното рочиште треба да се дознае дали ќе биде екстрадиран во Шпанија.

Шпанија го обвинува 58-годишниот Пуџдемон за бунт, бидејќи помогнал да се организира референдум за независност на таа провинција во 2017 година, кој беше прогласен за незаконски од шпанските судови.

Каталонецот избега од Шпанија во 2017 година, а неговите колеги пратеници беа осудени на затворски казни од девет до 13 години. Тие беа помилувани во јуни годинава.

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

Лидерите на ВЛЕН на средба со Курти во Приштина

Додека завршуваат разговорите за формирање на новата влада во Скопје, денеска во Приштина се одржува средба меѓу лидерите на коалицијата ВЛЕН и премиерот на Косово, Албин Курти, најавија партиски извори.

Според овие извори, Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Беким Ќоку денеска во Владата на Косово биле примени од премиерот Курти.

Тема на разговорите, ќе биде соработката меѓу владата на Косово и новата влада во Македонија.

Извор: Лидери.мк

Мартино: Очигледно годините се проблем за Меси

Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино информира за остојбата на Лионел Меси. Тој очекува Аргентинецот да биде достапен за утрешната средба со ДЦ јунајтед.

- Лео тренираше добро вчера. За неговото учество на неделниот натпревар ќе донесеме одлука по тренингот, но оптимисти сме. Повредата го спречи да работи нормално деновиве. Генерално, ја земаме предвид неговата возраст. Очигледно годините се проблем за Меси, но сите се соочуваат со физичко истрошеност или прекумерна употреба кога играат три натпревари неделно. Сепак, отсуството на Меси на натпреварот против Орландо беше исклучиво поради повреда, изјави Мартино за „ESPN“.

На 16 мај, 36-годишниот Аргентинец го пропушти натпреварот од регуларниот дел од сезоната во МЛС со Орландо Сити (0:0) поради повреда на коленото./МИА

притисни ентер