Поранешната премиерка Тимошенко се кандидира за претседател на Украина

Поранешната премирка Јулија Тимошенко објави дек на изборите во март ќес е кандидира за претседател.

Првата украинска премиерка , која беше на власт од 2005 до 2010 го обвинува сегашното раководство на Украина дека е одгворно за ниските плати и за долготрајниот судир на истокот на државата.

,,Раководството ја поткрадува својата држава.Во војна добро заработуваат . Многу се задоволни од ваквата состојба.” , објави Тимошенко. Таа ја опиша Украина како најсиромашна држава во Европа со најмногу корупција.

Според анкетите Тимошенко ужива поголема доверба отколку актуелниот претседател Петро Порошенко. Таа веќе еднаш се кандидираше за претседател во 2010 кога изгуби од Виктор Јанукович, кој беше насилно сменет преку масовни протести.

За време на владењето на Јанукович , Тимошенко беше осудена на казна затвор од седум години поради корупција. Ослободена е 2014 по неговото заминување од власт.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер