Поенти:
Ели Панова:
- Ако не било подаништвото на СДСМ и ако не бил донесен законот со фалинки Уставниот суд нема да требало да враќа на законот и да се создаваат тензии.
- ДУИ всушност држат „стража“ на криминалот.
- СДСМ како државничка партија требала да ги почека насоките на Венецијанската комисија и така денеска немаше да треба повторно да се отвора законот за употребата на јазиците.
И Претседателот на Уставниот суд убаво објасни дека нема да се одзема од правата за употреба на Албанскиот јазик, тој е уставна категорија.
- Добро е што веќе не гледаме луѓе со лисици на рацете, ниту официјална прес-конференција каде се споменуваат имиња на граѓани, нема спектакуларни апсења, туку тоа е една нормална работа на обвинителството и органите треба да си ја вршат работата.
Митко Трајчулески:
- Џабе е закон за употреба на јазиците ако нема примена.
- Јасна е намерата на партиите да се посее семе на раздор.
- Како опозиција оставаме простор Владата да ги испорача дадените ветувања, доколку ги деблокира интеграциите и ќе ја поддржиме.
- Она што е суштински е дека ние како мала држава уште ќе треба да правиме болни компромиси за да ги оствариме своите цели.
- Не само за овој туку и за било кој друг предмет доколку има докази и основани сомненија, законот треба да се почитува, даваме поддршка за сите што се огрешиле пред законот низ фер постапка да се докажат евентуални криминални дејствија.